Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

„Ееден ден, шест училишта, една гордост“ – в среда прва полуматурска парада во Ѓорче Петров

Под покровителство на Општина Ѓорче Петров, а во организација на ЕФЗ „Седум Осмини“, на 10 јуни 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во реонскиот парк во Ѓорче Петров, за првпат ќе се одржи „Полуматурска парада 2026“. Како што соопштуваат од општинската прес – служба, овој настан има за цел да ги обедини полуматурантите од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под покровителство на Општина Ѓорче Петров, а во организација на ЕФЗ „Седум Осмини“, на 10 јуни 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во реонскиот парк во Ѓорче Петров, за првпат ќе се одржи „Полуматурска парада 2026“.

Како што соопштуваат од општинската прес – служба, овој настан има за цел да ги обедини полуматурантите од шесте основни училишта на територијата на општината и на достоинствен, радосен и свечен начин да го одбележи нивниот значаен образовен чекор.

-Програмата ќе биде исполнета со зурли и тапани, македонски народни ора, дружење, позитивна енергија, како и доделување награди за ученици и наставници кои со својот труд, посветеност и резултати дале особен придонес во воспитно-образовниот процес. „Полуматурската парада“ претставува прослава на младоста, успехот, традицијата и заедништвото. Преку овој настан, Општина Ѓорче Петров испраќа силна порака дека младите се најголемата вредност и најважната инвестиција во иднината на локалната заедница, наведуваат од општината.

Реклама

Од Општина Ѓорче Петров воедно ги покануваат родителите, наставниците, учениците и сите сограѓани да присуствуваат на настанот и заеднички да им дадат поддршка на полуматурантите, стои во соопштението.