Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Едукативна кампања за рециклирање текстилен отпад во Гевгелија

Децата од двете основни училишта и детските градинки во Гевгелија учеа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Децата од двете основни училишта и детските градинки во Гевгелија учеа за правилно селектирање и рециклирање текстилен отпад преку едукативни кампањи организирани од Општината во соработка со компанијата „Тексомак“ која е колективен постапувач за управување со отпаден текстил.

Со интерактивни презентации, разговори и едукативни содржини прилагодени за најмладите, тие се запознаа со важноста за грижата за животната средина и за тоа како секој чекор може да придонесе за почиста и поздрава иднина, соопштија општинските власти.

– Посебна радост и внимание кај децата предизвика пријателот-контејнер ХИПО, кој низ игра и дружење им покажа каде треба да завршат старата облека, перниците, постелнината, јорганите и останатиот непотребен текстил. Токму преку ваквиот пристап, најмладите на едноставен и забавен начин ги усвојуваа основните еколошки навики и ја препознаваа важноста од рециклирањето, а се запознаа и со штетните последици од несовесното фрлање текстилен отпад, како и со можностите за негово правилно одложување, истакнаа од Општина Гевгелија.

Реклама

Овие активности се реализираат во рамки на договорот што Општината го склучи со „Тексомак“ за воспоставување систем за управување со отпаден текстил на гевгелиското подрачје.

Општинските власти најавуваат дека во наредниот период едукативни настани на истата тема ќе се одржат и во населените места во општината, со цел да се подигне јавната свест и да се создаде еколошка култура кај сите генерации.

Скопската компанија „Тексомак“ основана пред 3 години поседува дозвола за постапување со текстилен отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање и преку своето работење промовира, координира и финансира активности за селективно собирање, сортирање и рециклирање на текстилниот отпад.