Реклама

Корупцијата под лупа – институциите го стегаат обрачот околу поткупот

Македонската царина спречи милионски шверц на Богородица

Скопскиот градоначалник најави бесплатни униформи за сите средношколци во прва година

Македонија е прва во Европа по зголемениот број на туристи

37 нови градинки ќе бидат отворени до крајот на оваа и текот на следната 2027-ма година

Комисијата за заразни болести ќе даде препораки за заштита од западно-нилска треска, откако за една недела има нови 8 случаи

Разговори може, Бугари во Устав по бугарски терк не може: Македонија се уште жртва на капитулациите на Ковачевски и Османи

Инфраструктруните проекти да останат меѓу приоритетите, велат експерти за Алфа

Мицкоски: Очекувам пониски цени на горивата следната недела

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат да паѓаат и натаму сме најевтини во регионот

Гостивар под надзор поради ризик од хепатит А и Е

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Македонија

Едно избирачко место воопшто не е отворено, во останатите гласањето се одвива непречено

До 9:00 часот утрово излезеноста за повторните локални избори во општина Врапчиште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До 9:00 часот утрово излезеноста за повторните локални избори во општина Врапчиште е еден процент или гласале 272 лица, во општина Гостивар 0,93 проценти или 651 гласач, во Маврово – Ростуше 2,89 отсто или 306 лица, додека во општина Центар Жупа 0,75 проценти или гласале 57 избирачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Како што рече портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а избирачкото место 0782 во Ќафа не е воопшто отворено.

-Избирачкото место 0571 во Центар Жупа е отворено со задоцнување од 40 минути, а избирачките места 503, 512, 513, 529 и 533 во Гостиварско се отворени со задоцнување од повеќе од еден час. Гласањето почнало со задоцнување и во избирачките места 0478 во Сенче и 0496 во Орѓуш, општина Маврово – Ростуше. Како што е познато, според Изборниот законик, онаму каде што гласањето е прекинато и прекинот трае еден до три часа, гласањето ќе се продолжи колку што траел прекинот. Избирачкото место 0782 во Ќафа не е отворено и засега таму гласањето не се одвива. Ќе видиме што ќе се случува во текот на денот, напомена Тодоровска Алексовска.

Реклама

Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128 286 избирачи.

ДИК неколку пати ќе одржи прес-конференции за текот на гласањето и ќе информира преку соопштенија. Во 19:00 часот е предвидена изјава за текот на изборите и затворањето на избирачките места, а потоа и уште една прес-конференција по комплетирањето на целосните податоци за објавување на првичните неофицијални резултати.