Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Прилози

🎥 Едни ќе тераат позитивна, други црна и со напади кон ривалите- каква кампања не чека?!

Едни ќе тераат позитивна кампања и ќе најавуваат проекти, други единствено што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едни ќе тераат позитивна кампања и ќе најавуваат проекти, други единствено што ќе прават е обид за политичка дискредитација и напади кон политичките ривали. Според познавачите, актуелната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ најавува позитивна кампања, темелејќи ја на проектите кои се направени последнава година, додека опозициската СДСМ, која што е во нок-даун, по најголемиот историски пораз на парламентарните избори лани, единствено што и останува е негативна и кампања темелена само со некакви напади против власта, а не и со проекти. Што веќе и можеме да го видиме, иако официјално до стартот на предизборните каравани има уште повеќе од еден месец. 

Политичкиот аналитичар Агим Јонуз за Алфа вели дека наредниов период до изборите во октомври, ќе се изнагледаме се и сешто на политичката сцена во Македонија.  

-На овие избори ќе се изнагледаме глупости, како и на сите други и ништо повеќе. Има два елементи, едниот е формата, а другиот е суштината. Ако гледаме од аспект на формата ова се локални избори на кои што се бираат татковци на градовите и на општините, кои треба да ги изменаџираат сите натрупани проблеми. Втората е онаа политичка, затоа што и суштинската, а тоа е суштинската дека никој никаде не бира градоначалник на општина, освен во Скопје, Скопје е приказна за себе, изјави Јонуз.

Реклама

Посебно интересна битка се очекува во албанскиот политички блок, од каде неколку пати повторија дека овие избори ги гледаат како референдум, дали ДУИ ја има довербата меѓу граѓаните или Вреди. Главната битка сега ќе се води во Чаир, каде кандидати ќе бидат Бујар Османи и Изет Меџити. Според Јонуз и во албанскиот политички блок ќе се изнагледаме една чудна кампања, но кај нив проблемот ќе биде после изборите, бидејќи кој и да биде градоначалник, ќе треба да го исправи она што долги години било уништувано.

-Албанците, кој и да дојде и Еди Рама да биде градоначалник на Тетово, не може ништо да направи, затоа што Тетово има толку многу проблеми што четири градоначалника не можат да ги исправат во еден мандат, така да се е гола политика и борба за позиција со која што ќе се контролира теренот, ништо друго. (Што може да очекуваме меѓу ДУИ и Вреди?) Дрва и камења, ништо друго, изјави Јонуз.

Традиционално пред секои избори се потпишува меморандум според кои политичките се обрвзуваат на фер кампања, но во праксата тоа ретко се почитува. Засега според објавите на социјалните мрежи до сега се сретнаа Сотир Лукровски и Маја Мојсова, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за општина Карпош, кои си ветија фер и чиста кампања.

Матеја Петровски