Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Еднаквата застапеност, нова надеж за сите!

Соопштение на ВЛЕН „По децении празни ветувања, одложувања и манипулации, вчера беше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Соопштение на ВЛЕН

„По децении празни ветувања, одложувања и манипулации, вчера беше историски ден за еднаквоста и правдата во Македонија. Владата го усвои Законот за правична и соодветна застапеност, фундаментален акт што гарантира уставното спроведување на принципот на правична застапеност во државните институции.

Овој закон претставува конкретен и обврзувачки чекор кој за прв пат воспоставува јасна и извршителна нормативна основа за уставниот принцип на соодветна застапеност. Преку овој закон се создава извршниот механизам кој ќе го надгледува и обезбедува ефикасното и одговорно спроведување на принципот на застапеност.

Реклама

За само една година владеење, го постигнавме она што не беше реализирано 24 години по Охридскиот рамковен договор. Создадовме силна основа за унапредување на застапеноста во вистинскиот пат, пат кон еднаквост, достоинство и правда за сите заедници. Оние кои се против овој закон се истите оние кои со текот на годините ја деградираа застапеноста и ги оставија граѓаните жртва на манипулации и неправда. Ова не е само политичко прашање, туку одговорност кон иднината на државата и нејзините граѓани. Убедени сме дека граѓаните ќе ја ценат оваа промена и ќе застанат зад законот што носи еднаквост и достоинство за сите.

ВЛЕН не ветува, ВЛЕН спроведува. Ние не работиме за пропаганда, туку за длабоки и опипливи реформи што ги менуваат животите на граѓаните. Овој закон е битка што вредеше, голема победа за сите оние кои бараат правична застапеност, еднаквост и за држава каде што законот е над секој друг интерес.“