Реклама

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Македонија

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, навремени субвенции, загарантиран откуп со зголемени цени на земјоделските производи

По неколку години на застој и уназадување на државата од владеењето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неколку години на застој и уназадување на државата од владеењето на СДСМ и ДУИ од темел ги менуваме работите. Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ една година отчетност, работа, посветеност и борба против корупцијата и криминалот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и ДУИ го уништија земјоделието и го погазија достоинството на земјоделците, беа закочени проекти на KfW и Светска Банка, недоволен персонал во Шумска полиција, услови за работа под ниво, руинирани и неисчистени канали за наводнување.

Наследството од СДСМ беше катастрофално, неисплатени субвенции за 2020, 2021, 2022, 2023, 2024 година, а поради лошите откупни цени земјоделците својот род не го даваа на откупувачите туку го фрлаа на буниште. Подрачни канцеларии и единици немаше по поголемите населените места, со што беше отежнато аплицирање на земјоделците“, потенцираат во соопштението.

Реклама

„Во една година од владеење на ВМРО-ДПМНЕ исплатени се заостанати субвенции и има редовни исплати во износ од над 9 милијарди денари на над 70 000 земјоделци.

Склучени се вкупно 967 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 2.700 ха.

Откупувачите на тутун ја дополнија откупната цена од 375 на 400 денари за откупен тутун прва класа, а се зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари за килограм.

Во 2024 година за прв пат се утврдени и постигнати највисоки откупни цени за двете најзастапени вински сорти грозје Вранец и Смедеревка.

Беше распишан Јавен повик кој се однесува за Мерката 112 – „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ – доставени 254 апликации“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поддршка за научно-образовните институции. Се потпиша договор со Научен институт за тутун Прилеп – за набавка и инсталирање на опрема за затворен начин на одгледување на тутун – 25.500.000 денари;

·Потпишан договор со Институт за сточарство за набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна – 12 милиони денари;

·Потпишан договор со ФЗНХ за набавка на опрема за лабораториски анализи – 12.000.000 денари;

·Потпишан договор со Универзитетот во Тетово за набавка на опрема за лабораториски анализи – 12.000.000 денари;

Доделена е поддршка на 4 научно образовни институции каде вкупната поддршка изнесува 61.500.000 денари“, потенцираат во соопштението.

Земјоделците конечно имаат партнер во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ја враќаме гордоста кај македонскиот земјоделец. Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.