Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Набавка на 120 електрични автобуси, одобрени 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина

Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде заштитата на животната средина и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот е еден од главен приоритети, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатите 7 години СДСМ и ДУИ ја заборавија животната средина, немаше ниту еден проект за заштита на животна средина и ниту пак за намалување на аерозагадувањето.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина.

Реклама

Одобрени 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина.

Се изработи планска програма за почист воздух 2025 -2030 за долгорочни мерки и решенија каде се опфатени сите важни аспекти за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и постои системски приод што гарантира резултати на краток, среден и долг рок.

Промовиран е првиот целосно електричен сервис за споделување на возила Car Sharing во државата, за почеток 100 возила како конкретен чекор кон одржлива урбана мобилност и намалување на загадувањето.

Во планот за чист воздух 2024–2030, се предвидува: промена на системите за греење, набавка на 80 до 120 електробуси, засадување на дрвја, и други долгорочни мерки во соработка со локалните самоуправи.

10 милиони евра за замена на системи за греење со еколошки во Скопје, Битола, Куманово и Тетово, набавка на 6 еко автобуси, кои веќе се користат во градот Скопје и садење на 6.000 дрвја во Скопје, Битола, Куманово и Тетово.

Подобрување на водната инфраструктура на општините преку 50 милиони евра.

Поддршка за природни вредности и водни ресурси каде Матка и Охридското езеро се прогласени за природни споменици, а Студенчишко Блато за природен парк.

Заштита на природата и национални паркови- зголемување на заштитената површина на речиси 14%, вклучувајќи го прогласувањето на Националниот Парк Шар Планина и подготовките за Јабланица.

55 милиони евра за изградба и модернизација на регионални системи за управување со цврст отпад во пет региони (Источен, Североисточен, Југозападен, Пелагонија и Град Скопје) со изградба на нови и санација на постоечки депонии, трансфер-станции и центри за рециклирање.

Во градба е најголемиот инфраструктурен проект во животната средина -Пречистителната станица за отпадни води за Скопје.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на заштита на животната средина со цел квалитетен живот на граѓаните.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, се вели во соопштението на владејачката партија.