Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини

Во период од една година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди поддршка за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во период од една година Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди поддршка за општините за капитални проекти за подобрување на животот на граѓаните. За сите општини на територијата на државата, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини. Од првиот јавен повик 288 одобрени проекти за општините од областа на транспортот, животната средина, образованието, културата, спортот и социјалната политика.

Огромен интерес на вториот јавен повик – 887 проекти во 80 општини се во фаза на евалуација.

Реклама

За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти.

Дел од проектите се следните:

Реализирани се 129 проекти за рамномерен регионален развој на Македонија.

Реконструкција на ЈЗУ Нефрологија Струга и креирање на услови за здравствен туризам во ЈЗПР“ во вредност 29.556.254 денари.

Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија – Охрид, набавка на опрема и дигитализација во вредност 24.370.953 денари.

Заштита и превенција од пожари во микро регионот, Општини Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце „FIRESHIELD”- вредност 21.644.000 денари.

Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св.Еразмо“ – вредност 4.325.668 денари.

Подобрување на здравствените услуги и создавање на услови за рехабилитација на ранливи категории граѓани и постковид пациенти во Пелагониски плански регион во вредност 27.275.658 денари.

Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица, Берово-4та ламела, Општина Берово“ – вредност 22.278.213 денари.

24.885.000 денари за „Паметно ЛЕД осветлување“ во Полошкиот плански регион.

Одобрен стратешки проект за изградба на граничниот премин Клепало (Берово–Струмјани) во вкупна вредност од 11.127.682.

Паметни решенија Велес „Продолжуваме“ во износ од 46.215.459 денари.

Проект „Зелена топлина – Воведување на ефикасна услуга за греење на мали мрежи ориентирана кон клиентите, базирана на обновливи извори на енергија“ во општина Радовиш во износ од 55.921.234 денари.

Иновативни дигитални општински решенија во Општина Тетово, во износ од 37.887.429 денари.

Проект „Чист Аеродром“ – Нула цврст отпад во Општина Аеродром, во износ од 37.182.273 денари

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обидува, на секој еден можен начин, да ги приближи општините до граѓанинот.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија, стои во соопштението на владејачката партија.