Од економско дно, до економски раст. Првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ја врати Македонија на посакуваните патеки. Економијата живна, инвеститорите се вратија, градежната оператива проработе со полна пареа, граѓаните добија повисоки плати и пензии. Економските политики на Владата ја позиционираа државата високо во Европа според постигнатите перформанси. Премиерот Мицкоски е задоволен и најавува засилено темпо и во наредниот период.
“Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа за да денес имаме раст на БДП од 3.2% во првиот квартал од оваа година и да бидме 4та економија во Европа според тој раст на БДП. Од последни во Европа по директни странски инвестиции, до први во Европа со 1 милијарда и двесте педесет и пет милиони евра што е најдобар резултат од независноста до денес. Од двоцифрена инфлација до ниска од 2.7% за месец март. Порано растеа само платите на функционерите, а денес растат платите на работниците од 9 до 10 проценти на годишно ниво. Од индустриското производство коешто беше минус 2%, до раст на истото тоа индустриско производство во март од 5.2%” изјави премеирот Мицкоски.
Премиерот најави две нови конкретни емрки за самовработување. Во фокусот се младите до 29 години на кои Владата им дава шанса со неповратни 10 до 20 илјади евра да почнат сопствен бизнис.Втората мерка е насочена кон поддршката за креирање на нови работни места во микро, малите и средните претпријатија и граѓанските организации.Според податоците, опфатот на мерката е за над 1.700 луѓе вели Мицкоски. Според него со оваа државна помош ќе се олесни процесот на вработување. Тој оцени дека состојбата во државата е конечно стабилизирана и оти сега може да се зборува за економски раст.

„Во првата мерка за поддршка за самовработување, предвидуваме 7 000 евра по лице, за самовработување на младо лице до 29 години предвидуваме неповратна поддршка од 10 000 евра, додека за здружување на корисници до две лица да основаат бизнис, висината на финансиска поддршка изнесува од 14 000 до 20 000 евра, при што 20 000 евра се однесува на содружници кои се до 29 години. Со втората мерка се предвидува да се опфатат 1 720 лица, каде при вработување на млади лица предвидена е највисока сума во износ од 250 000 денари“, – изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Со пакетот економски мерки стабилизиран е буџетот и поттикнат е еконoмскиот раст тврди министерката за финансии. Таа истакна дека со напорната работа на Владата, постигнале успех каде што е обезбеден економски раст од 3% за три последователни квартали, а според неа тоа е благодарение на новите инвестиции и поддршката за приватниот сектор преку развојната банка, каде досега се искористени половина од наменетите 250 милиони евра.
,,Успеавме преку прераспределби и делумно зголемување на буџетскиот дефицит да обезбедиме 4,1 милијарда денари за плати согласно колективни договори кои што требаше а не ги обезбедија, притоа и во време на избори се потпишуваа колективни договори без притоа да се има обезбедено средства за истото. 5.5 милијарди денари за пензии иако во тој период. Многу често коментираа дека имало доволно средства за пензиите заради нашата променета методологија биле потребно дополнително средства. Не беше тоа точно“, вели министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска.
Димитриевска Кочоска откри сериозни пропусти во државната каса кои ги затекнале по преземањето на власта.Таа кажа дека девизната сметка откако седнала на министерската позиција имало само 47 милиони евра, но преку навремен ребаланс Владата успеала да стабилизира јавните финансии и да обезбеди економски раст.
