Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Единствено што знаат СДСМ да прават кога станува збор за изградба на патишта, е играње чочеци на готови наследени проекти

Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на функционерот на СДСММ, Миле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реакција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на функционерот на СДСММ, Миле Талески:

„Кога СДСМ ќе излезе пред камера и ќе збори за изградба и пуштање во употреба на патишта, прва асоцијација што на народот му текнува е зурли, тапани, чочек.

Чочекот е единственото што СДСМ знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти.

Реклама

Граѓаните добро се сеќаваат на плехот на дружината на СДСМ во тунелот при пуштањето во употреба на наследениот готов автопат Демир Капија – Смоквица.

Исто така, народот памети како СДС наместо да работи на реализација на капитални проекти, ги кочеше го последно, како автопатот Миладиновци – Штип, кој го наследија речиси целосно изграден, требаше да постават само патна сигнализација, а две години го кочеа и не го пуштаа во употреба.

Ама и не е човек да им се лути, толку знаат и толку умеат, па толку и работат.

Во однос на патната инфраструктура на којашто за една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ интензивно се работи и пуштаат во употреба, имаме само едно да им порачаме на СДСМ.

Проектите не се на ниту една влада, ниту на една партија, големите инфраструктурни проекти ги надминуваат гарнитурите на власт. Тие се проекти од граѓаните и служат за потребите на граѓаните.

Додека одговорна Владата, како што е оваа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, може само посветено и интензивно да работи на нивна побрза и целосна реализација.

Водејќи се единствено од интересот на граѓаните и државата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од преземањето на одговорноста, интензивно работи за реализација капитални инфраструктурни проекти.

Пуштањето во употреба на експресните патишта Страцин – Крива Паланка, Градско – Дреново, како и изградбата на најтешкиот дел од таа делница, Фаришката клисура се резултат токму на посветена и интензивна работа.

Паралелно со ова интензивно се работи и на изградба на Коридорите 8 и 10Д, а ќе следи и изградба на експресна пруга од Табановце до Гевгелија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги поставува и гради темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.“