Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

16 Лица во краткотраен притвор за пожарот во Кочани: меѓу нив и поранешни високи функционери

Во овој момент, за вкупно 16 лица е определен краткотраен притвор од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во овој момент, за вкупно 16 лица е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, при што загинаа 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.

Основното јавно обвинителство во Кочани предложи мерка краткотраен притвор за 16 лица, што беше прифатено и реализирано, велат од Државното Јавно Обвинителство.

Меѓу приведените се и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Реклама

Мерката краткотраен притвор се применува во случаи со особено сложена истрага, кога е потребно да се приберат дополнителни докази и да се утврдат сите околности за понатамошно истражување.

Според Законот за кривичната постапка, краткотраен притвор може да се определи двапати по 48 часа, пред да се донесе формална наредба за започнување истражна постапка.

Оваа мерка му дозволува на јавниот обвинител да задржи осомничени лица подолго од 24-часовното полициско задржување, за да може да ги собере потребните информации и да ги утврди сите факти и околности. По отворањето на истрагата, обвинителот може да предложи нови мерки за обезбедување на осомничените, при што краткотрајниот притвор се укинува и се заменува со редовен притвор.