Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Еден крст го урна едното општество на Ахмети: ДУИ жестоко се крена против верско одбележје на Попова Шапка

Едното општешство на ДУИ го урна еден крст. Покрај сите дивоградби кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Едното општешство на ДУИ го урна еден крст. Покрај сите дивоградби кои со години се градат на Попова Шапка, партијата на Али Ахмети реши жестоко да се крене против одбележје, крст, поставен во двор на црквата Свети Наум Чудотворец на Шапка.

Поставувањето на крстот стана причина ДУИ тензично да реагира, а само пред извесно време, токму Ахмети постави споменик со мапа на Голема Албанија, во Музеј во чест на УЧК.  

-Дали поставувањето на овој крст е нешто претходно договорено меѓу Беса на Билал Касами и ВМРО ДПМНЕ, услуга чувана во тајност од граѓаните за помошта што ВМРО ѝ ја понуди на Беса на локалните избори за Општина Тетово?, прашуваат од ДУИ.

Реклама

Несфатливо е што проблем за владејачката партија стана еден крст, одбележје на третина од градот Тетово.

Тука зад мене во дворот на црквата Свети Наум Чудотворец е крстот кој што стана причина за жестока реакција на владејачката партија ДУИ, тој е поставен на планината Попова Шапка над градот Тетово, каде што живеат 35,29 проценти православни граѓани. 0132 01

Во меѓувреме и БЕСА се произнесе. Не прифаќале поставување на крст на Шапка и ќе барале негово отстранување.

-Ние како Движење БЕСА со највисока одговорност изјавуваме дека немаме никаква врска со поставувањето на крстот и нема да прифатиме поставување на крстот во „Попова Шапка“, велат од БЕСА.

За разлика од политичарите, граѓаните со друг став. Алфа ги запраша тетовци дали им пречи крстот и дали според нив е нормално политичари вака да реагираат поради поставување на верско одбележје. Оние кои сакаа да зборуваат пред камера кажаа дека крст не им пречи, други пак едноставно избегаа, трети не знаеле да говорат македонски.

Реагираше и директорот на Агенцијата за односи со верските заедници. Не гледа ништо проблематично во поставувањето на крстот и прашува дали ќе се реагира за сите други дивоградби на Попова Шапка.

–За разлика од многубројните објекти, на катови и со оградени дворови на државно земјиште, Крстот е поставен на манастирски имот и прашање е дали било каде во земјава за поставување на крст во двор на манастир некој дал дозвола. Крстот е верско обележје. Што правиме со многуте објекти профани и сакрални изградени на државно земјиште? Ете, на Попова Шапка такви има насекаде. Зошто за ниту еден од нив до сега не заседаваше вонредно Советот?, пишува Даријан Сотировски.

Ваквата реторика на ДУИ доаѓа на само половина година пред претседателските и парламентарни избори и на еден начин го руши концпептот едно општество за сите, кој што сите функционери на интегративците се обидуваат да го промовираат цело време.

Матеја Петровски