Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Е- Фактура за минимум ризик од злоупотреби и фиктивно работење – стартува пилот проектот

Буџетот во 2025 година бележи висока наплата на приходите. Со над 100%…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот во 2025 година бележи висока наплата на приходите. Со над 100% наплата од ДДВ, државната каса речиси како никогаш досега не била пополна. Највисока стапка на наплата е остварена во делот на Данокот на додадена вредност која стигна до 100.4 проценти, додека кај персоналниот данок, е 97%, информираат надлежните. За Владата ова е јасен показател за стабилноста и подобрената дисциплина во собирањето на буџетскитеприходи.Министерката за финансии,  Димитриеска Кочоска, смета дека резултатите се охрабрувачки.

Потфрлено е во однос на неданочните приходи, тоа се приходите оние сопствени приходи на институциите, тоа значи самите газди не си ги прибраат своите приходи, а тоа се институциите кои имаат сопствени сметки. Акцизите се единствено нешто што е послабо наплатено, но не знам што не изненадува. Еве кој можеше да предвиди дека и ова што се случува во Венецуела, повторно цените на нафтата ќе останат ниски. Јас, не. Увозните давачки таму можеби процентот е малку понизок, иако во апсолутен износ тој е незначителен во однос на вкупните даноци. Таму имаме послаба реализација“, изјави министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска.

Во насока на дополнително зајакнување на наплатата и сузбивање на сивата економија, Управата за јавни приходи започна со пилот-примена на системот е-Фактура. Директорката Петрова, повика ИТ-секторот активно да се вклучи во тест фазата и дека системот што го градат е државен и централизиран и функционира без посредници. Компаниите ќе комуницираат директно со УЈП, во реално време.

Реклама

„Ќе ги детектираме точно сите компании кои што очекуваат да бидат вклучени во оваа фаза и ќе почнеме со непосредни контакти со нив, да го следиме процесот на нивното прилагодување и тестирање на софтверот од нивна страна и секако нивните повратни информации“, изјави Елена Петрова, директор на УЈП.

Според УЈП, ваквиот модел е усогласен со меѓународните стандарди и ќе донесе поголема транспарентност, безбедност и ефикасност во работењето.

Во однос на задолжувањето, министерката Кочоска најави дека државната еврообврзница ќе се издава во два дела од по 500 милиони евра, со цел да се обезбедат поповолни услови за државата. Според неа, ваквиот пристап овозможува пониски каматни стапки и го намалува товарот врз идните влади, за разлика од сегашните обврски што се отплаќаат по значително повисоки камати.