Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

ДЗР: Позитивно мислење за финансиските извештаи, но забелешки за усогласеноста со законската регулатива во Академијата за судии и обвинители

Државниот завод за ревизија изрази мислење без резерва за финансиските извештаи на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година оценувајќи дека тие реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на институцијата. Истовремено, за усогласеноста на работењето со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики е дадено мислење со резерва поради утврдени одредени слабости и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија изрази мислење без резерва за финансиските извештаи на Академијата за судии и јавни обвинители за 2024 година оценувајќи дека тие реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на институцијата. Истовремено, за усогласеноста на работењето со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики е дадено мислење со резерва поради утврдени одредени слабости и неправилности.

Според конечниот ревизорски извештај, надоместоците на членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет биле исплаќани месечно и во целост наместо според присуството на одржаните седници. Ревизорите констатирале и дека рокот за завршување на втората фаза од почетната обука на осмата генерација слушатели за судии и јавни обвинители бил надминат за три месеци, што довело до дополнителни исплати за ментори и координатори.

Во извештајот се наведува дека дел од договорите со менторите биле склучени по истекот на периодот на менторство, а биле исплатувани и средства за координатори и членови на комисии за оценување на практична настава иако нивниот статус и правото на надоместок не се утврдени со Законот за Академијата.

Реклама

Ревизијата утврдила и надминување на законски утврдениот максимум за прекувремена работа и дека не е извршено претходно писмено известување до подрачниот инспектор на труд за воведување прекувремено ангажирање на вработените, како и исплата на прекувремени часови во денови кога на вработени им биле исплатени и дневници за службен пат во странство и за присуство на седница што се одржала во текот на полното работно време.

Дополнително, констатирани се слабости во контролата на користењето на картичките за гориво, неправилности во тендерската документација и набавка на стоки и услуги, без спроведена постапка за јавна набавка.

Државниот завод за ревизија дал препораки за надминување на утврдените состојби и унапредување на системот на контроли и управување во институцијата.

Во извештајот се нотира дека од страна на претходното одговорно лице на Академијата за судии и јавни обвинители доставени се забелешки на нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор. Забелешките, како што велат од ДЗР, се разгледани и утврдено е дека тие претставуваат известувања за причините што довеле до утврдените состојби.