Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ДЗР: Академијата за судии и јавни обвинители исплаќала координатори чиј статус не е законски утврден

Пари за седници на кои воопшто не присуствувале, си точеле гориво во приватните возила и вршеле набавки без тендер – Државниот завод за ревизија открива низа пропусти во работата на Академијата за судии и јавни обвинители во текот на 2024 година. Меѓу најсериозните забелешки е начинот на исплата на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пари за седници на кои воопшто не присуствувале, си точеле гориво во приватните возила и вршеле набавки без тендер – Државниот завод за ревизија открива низа пропусти во работата на Академијата за судии и јавни обвинители во текот на 2024 година. Меѓу најсериозните забелешки е начинот на исплата на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет. Ревизијата утврдила дека дел од членовите добивале целосни месечни надоместоци без оглед на тоа дали присуствувале на седници, а во одредени случаи исплатите биле вршени и пред самото одржување на седниците. За членовите на Управниот одбор, според ревизорите, така биле исплатени најмалку 211 илјади денари повеќе од законски дозволеното. Кај Програмскиот совет, пак биле исплатени 747 илјади денари за месеци во кои воопшто и не ни биле одржани седници.

“Ревизијата констатира дека втората фаза од почетната обука за осмата генерација идни судии и обвинители завршила три месеци подоцна од законски предвидениот рок. Наместо до крајот на јули 2024 година, обуката траела до октомври.Поради ова биле исплатени дополнителни 2,1 милион денари за ментори и координатори. Од нив, 1,8 милиони денари биле исплатени на ментори, а речиси 300 илјади денари на координатори.” велат од ДЗР.

Членови на комисиите во Советот наместо да точат гориво во службени возила, си ги полнеле сопствените резервоари и тоа без никаква евиденција. Академијата имала набавено картички во вредност од 325 илјади денари, и сите биле злоупотребени.

Реклама

“Кај јавните набавки ревизорите утврдиле дека во тендер за кетеринг услуги бил поставен услов понудувачот да располага со ресторан од прва категорија со четири ѕвезди и капацитет од најмалку 60 лица, критериум кој не бил директно поврзан со предметот на набавката.Дополнително, во текот на 2024 година биле набавени стоки и услуги во вредност од 418 илјади денари без спроведување постапка за јавна набавка, иако законот го наложувал тоа.” – се вели во извештајот на ДЗР.

Ревизија открива сомнежи и во испитниот процес. Имало и испити без соодветна контрола, тестови без сериски броеви и дилеми во веродостојноста на резултатите. Поради нефункционален електронски систем, кандидатите полагале на хартија, но ревизорите предупредуваат дека нема доволна гаранција дека процесот бил безбеден и транспарентен.

Во меѓувреме, пропаднат е и приемот на 130 нови слушатели откако постапката беше блокирана од антикорупционерите и Владата, а конкурсот конечно поништен.