Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Двојно поголема наплата, рекордни 520 милиони денари за шест месеци – приходи од концесионери за експлоатација на минерални суровини

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во вториот квартал од 2025 година достигна рекордни 260.379.123,00 денари. Ова претставува значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога беа наплатени 133 576 534 денари.

Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени 260.327.223,00 денари, што е повеќе од двојно во споредба со 110.576.324 денари во првиот квартал од 2024 година. Збирно, за првите шест месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над 500.000.000 денари, што е историски успех во управувањето со природните ресурси на Република Македонија.

Министерството очекува оваа бројка да расте со оглед на фактот дека се испратени опомени до концесионерите што сеуште не ја регулирале обврската да го сторат тоа во рокот.

Реклама

Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи:

– Засилени инспекциски контроли: Редовни и вонредни теренски проверки заобезбедување усогласеност со законските обврски.

– Писмени опомени и санкции: Испратени се предупредувања до концесионерите за навремено подмирување на обврските, со едностран раскин на договори за оние кои не ги почитуваат законите. Во тек се постапки за раскин на уште десетина договори.

– Нов Тарифник од 1 јануари 2025: Воведен е нов Тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100%, обезбедувајќи правична вредност за користење на природните ресурси. Клучните измени вклучуваат:
o Зголемување на надоместокот за користење простор за експлоатација за околу 30%.
o Надоместок за експлоатација на мермер: 5% од приходот од продадената суровина.
o Зголемување на надоместокот за метални минерални суровини од 2% на 4%.
o Просечно зголемување над 100% за неметалични минерални суровини.

Овие измени не се однесуваат на енергетските минерали, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија.

Поголеми буџети за општините и одржлив развој

Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.
Овие средства се инвестираат во:

– Изградба и одржување на комунална инфраструктура.
– Проекти за енергетска транзиција и одржлив развој.
– Иницијативи за заштита на животната средина.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси. Овие резултати се доказ за нашата определба да ги зајакнеме економските придобивки од експлоатацијата на минералните суровини, истовремено обезбедувајќи одржлив развој и поддршка за локалните заедници.