Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Двете лица на СДСМ: Го зголемија ДДВ-то на храната и струјата, сега во опозиција бараат намалување

По седум години власт и ред неуспешни обиди да ги зауздаат цените,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По седум години власт и ред неуспешни обиди да ги зауздаат цените, СДСМ од позиција на опозиција сега поднесува предлог законски решенија, за како што велат спас на животниот стандард на граѓаните.

Според нив, во изминатите 8 месеци била влошена економската состојба во државата, иако целата експертска јавност посочува дека ова што се случува сега е последица на лоши политики со години наназад.

Реклама

Затоа тие сега се ставаат во улога на „спасители“ и во Парламентот предложија седум мерки – намалување на ДДВ за струја од 18% на 5%, укинување на ДДВ за храна на 0%, замрзнување на цените на основните производи, фиксирање на маржите, зголемување на платите во приватниот сектор и спроведување на законот за нефер трговски практики.

Ваквиот потег на опозицијата немаше да биде парадоксален доколку токму истите не беа на чело на државата пред осум месеци. Токму во нивно време, поточно во јули 2023-та година ДДВ-то на струјата и покрај сите предупредувања и од регулаторот и од енергетичарите дека не е време за тоа,  Владата на СДСМ и ДУИ го покачи од 10 на 18 отсто.

Во време на СДСМ имаше и таканаречени луксузни производи за кои Владата стави повисок данок, но на листата се најдоја производи како сладоледот, чипсот,  лутеницата иако требаше со повисок данок да се производи како перки од ајкули или кавијар. Подоцна листата се ревидираше, но Владата во која вицепремиер за економски прашања беше токму Фатмир Битиќи процени дека чипсот, гумите за џвакање и сладоледот се нездрави па затоа биле луксузни производи.  Инфлацијата во 2022 достига рекордни 20 отсто.

За време на Ковид – кризата, две години владата замрзнуваше цени, ограничуваше маржи, но никако не најде рецепт да стави ред во трговијата. Се случи и да имаме празни рафтови, на пример  кризата со масло за јадење во Македонија траеше со недели. Масло не можеше да се најде речиси никаде, а цената онаму каде што го имаше беше и до 130 денари за литар. Последно во 2024-та нивната мерка беше „Загарантирана цена“ , трговците не ја послушаа тогашната влада па имаше и затворање на маркети.