Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Двегодишно девојче почина откако било претепано од таткото

Шок и неверуавње во Кичево, татко до смрт го претепал своето двегодишно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шок и неверуавње во Кичево, татко до смрт го претепал своето двегодишно чедо. Докторот кој го примил детето, за Алфа раскажува во каква состојба било девојчето.

“Кога мајката го донесе детето во болница тоа беше во бесознание, иако надворешно не забележавме некои значајни повреди, сепак малечката беше во општа тешка здравствена состојба, направивме се’  да го спасиме ова недолжно дете” –вели Акиф Исмаили, раководител на хируршкото одделение во кичевската општа болница. Доктор Исмаили пренесува дека во болницата,мајката кажала дека двегодишното дете било туркано од другите децата и дека таа го нашла во бесознание.

 “Детето беше донесено од страна на мајката во една тешка општа здравствена состојба во речиси коматозна состојба со проширени зеници со едно тешко дишење и по превземени реанимациони мерки ние го пуштивме со болничко возило и со екипа за Ургентен центар во Скопје” –вели Акиф Исмаили,раководител на хируршкото одделение

Реклама

Ужасни се информациите од министерството за здравство дека девојчето било примено со нагмечување на лицето, крварење и оток на мозокот и 6 односно 8 фрактури на ребрата.

Немилиот настан се случи на 18-ти декември лани,според полицијата две годишното девојче починало од поврдите кои и ги нанесол нејзиниот татко.

СВР Охрид:” Тој се сомничи дека на 18.12.2023 година во семејниот дом во Кичево и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар во Скопје каде, на 08.01.2024 година, починала. Во координација со јавен обвинител, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.”

На десетти овој месец полицијата го лишила од слобода таткото на девојчето.Неофицијално станува збор за дисфункционално семејство,обдукцијата и превземените мерки укажале дека девојчето починало од телесните повреди кои и го нанел таткото.

Росица Голабоска