Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Економија

Две милијарди евра инвестиција брза пруга Табановце-Гевгелија

Градежната офанзива којашто е во тек ќе продолжи и со инвестиции во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежната офанзива којашто е во тек ќе продолжи и со инвестиции во железничкиот сообраќај и изградба на брза пруга. Ќе се реализира многу важен проект од железничкиот сообраќај, артерија на Коридорот 10, велат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со инвестиција од околу 2 милијарди евра ќе се гради брза пруга Табановце-Гевгелија. Постоечката пруга ќе се реконструира, и ќе се направи уште една паралелна пруга. Во септември ќе стартуваат почетните истражувања на теренот, геолошки истражувања и механизација на теренот за изградба на брзата пруга. Со брзата пруга предвидено е патнички сообраќај да биде до 160 км на час а товарниот сообраќај до 120 км на час. Граѓаните ќе можат да патуваат за час и пол до Солун, 4 до 5 часа до Виена, додаваат во соопштението

-Македонија конечно ќе почне да ја користи добрата местоположба и ќе се впише на мапата на карго Европа. Карго транспортот се предвидува да донесе од 100 -120 милиони годишен приход од товарниот сообраќај. Брз и ефикасен железнички сообраќај од граница на Србија до граница на Грција. Делницата Табановце- Гевгелија ќе се скрати од 235 км што е моментално, влез излез од државата, се планира да биде 200 и под 200 км. Целта е да имаме брза пруга и брз транспорт.

Реклама

Инвестицијата ќе биде 30 проценти британска компонента, вградени британски делови кои се по квалитет второ место во светот, а 70 проценти домашни компании.

-Согласно проектот ќе има и конектори, Скопје ќе има, ќе се поврзе аеродромот Петровец, конектори во Велес и во Гевгелија, а во втора фаза ќе го се пушти Кочани спрема Штип во Велес за да има како луѓето да доаѓаат до овие централни станици на кои ќе можат да се качуваат за меѓународен сообраќај. Во план се и набавки на возови, локомотиви кои ги задоволуваат европските стандарди. Со развојот на железничката и патната инфраструктура се создаваат можности за поврзување, за подобар и поквалитетен живот на граѓаните, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.