Реклама

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Македонија

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификувала возачки дозволи по признавањето вина

Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки дозволи ја признале вината и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки дозволи ја признале вината и добиле затворски казни во скратена постапка. На првообвинетата, вработена во Министерството за внатрешни работи, ѝ е изречена казна затвор од две години и шест месеци, а второобвинетиот и третообвинетиот се осудени на една година и три месеци затвор. За сите тројца е продолжена мерката притвор, информираа на брифинг во Основниот кривичен суд Скопје.

Предметот се однесува на незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба. Од судот појаснуваат дека станува збор за обвинителен предлог и, бидејќи нема оценка, веднаш е закажано рочиште. Тројца се недостапни, а за тројцата што беа во притвор вчера се одржало рочиште, на кое признале вина и определени им се казни затвор. 

Основното јавно обвинителство Скопје на 19 септември поднесе обвинителен предлог против шест лица за продолжено кривично дело фалсификување исправа по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Реклама

Првообвинетата, вработена во Министерството за внатрешни работи како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи во Скопје, во периодот од септември 2020 до август 2026 година, во повеќе наврати ги користела своите службени шифри за преправање возачки дозволи со внесување дополнителни категории, наведува Обвинителството.

Другите пет обвинети се возачи кои, иако немале положено возачки испит за категориите Ц и Д, во договор со службеничката поднесувале барања за издавање возачки дозволи, во кои биле внесувани категории за кои не ги исполнувале законските услови.

За тројца обвинети, кои се недостапни на органите на прогонот, е предложено определување притвор по нивното пронаоѓање, а постапката против нив да продолжи во отсуство. Во рамките на истиот предмет Обвинителството продолжува со обезбедување докази против уште 21 лице осомничено дека било посредник или корисник на фалсификувани возачки дозволи, а истрагата опфаќа и други можни злоупотреби поврзани со случајот.