Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Две и пол години казна затвор за екс-ген.сек Мухамед Зеќири

Два договори во „четири очи“ му пресудија 2,5 години казна затвор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Два договори во „четири очи“ му пресудија 2,5 години казна затвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Се консултирал со фирма основана 20 дена пред да падне спогодбата и го оштетил буџетот за над 1,1 милиони евра. Првиот договор за кој е осуден Зеќири се однесува за консулатски услуги за Македонски пошти склучен во мај 2021-та, за кој осомничени се и двајца Хрвати, кој се недостапни на органите на прогонот. Вториот договор, пак се односува исто на консултатски услуги, за приватизација на Железници Транспорт АД Скопје, на кој Зеќири го ставил својот потпис во јуни пред две години.

Судот како отежнувачка околност во носењето на казната долга две ипол години, го ценел и фактот дека ваквите злоупотреби од функционери во последниот период се зачестени, а поради тоа граѓаните губат доверба во државните институции.

  • ПРЕСУДА: Говори судија Фанка Јанчулевска Михаиловска: Фактот што генералниот секретар што постапувал по заклучокот од 67та седница на Владата, не ја исклучува неговата кривична одговорност ниту дава легитимитет на склучените договори, ниту му дава право на генералниот секретар по автоматизам да склучи договор со познат добавувач без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка.

Зеќири вели не бил виновен, бидејќи спореведувал умисла на други. За склучување на договорите надлежни биле правните служби во владата, а за ваквата идеја на Фатмир Битиќи гласала цела Влада.

Реклама

-Во целиот процес никаде и во ниту еден момент не беше докажана моја умисла во склучувањето на договорите, затоа што јас само сум спровел умисла на други, односно на владата кои беа предложени од вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Јас спомнав и во мојот завршен збор дека во владата кога се задолжува генералниот секратар експлицитно се наведува кога е во прашање спроведувањето на јавната набавка, рече Зеќири.

Судот не прифати имотот на Зеќири да биде конфискуван, но тој треба штетата од речиси 72 милиони денари да ја врати во државната каса.

Од казната, од вкупно 30 месеци му преостануваат за одлежување уште само 11, бидејќи беше под мерки од самиот почеток на судската постапка. Најпрво во Шутка, а потоа беше и во домашен притвор. Ниската затворска казна доаѓа по измените во КЗ на власта, злоупотребите на функционерите да се казнуваат од затвор од 1 до 5 години, наместо како што беше претходно 5 години да биде минималнта затворска казна.