Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Две четиричасовни блокади на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони

Како и во изминатите три дена, така и денеска, грчките земјоделци планираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како и во изминатите три дена, така и денеска, грчките земјоделци планираат две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја, со што ќе биде во прекин сообраќајот за сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по локално време), јави дописничката.

Се очекува земјоделците од утре до петок да ги тргнат блокадите поради новогодишните празници за да го олеснат патувањето на граѓаните, како што беше случај и минатата седмица за Божиќ, а в сабота на заеднички состанок да ги одредат нивните следни чекори.

Протестите на земјоделците траат веќе еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Реклама

На граничниот премин Евзони, блокадата започна ден подоцна, на 1 декември откако земјоделци од северна Грција ги паркираа нивните трактори на грчката страна од границата, а речиси секојдневно во изминатиот месец на неколку часа го блокираат сообраќајот за сите возила.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Action 24“ се осврна и на протестите на земјоделците изразувајќи надеж дека во периодот од Нова година до Водици во вторник, земјоделците ќе ги тргнат блокадите и ќе го олеснат патувањето на граѓаните, „без големи тешкотии и непријатности“.

– Колку повеќе се измачуваат граѓаните, толку повеќе земјоделците ја губат оправданоста на нивните барања, особено кога одбиваат да дојдат на дијалог, нагласи Мицотакис.

Додаде дека не треба да се заборави дека во Грција има речиси 400.000 професионални земјоделци, на блокадите можеби има 4.000 трактори, „но огромното мнозинство од земјоделците и сточарите не учествуваат во блокадите“.