Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Два дена воспитувачките и негувателките од струшката градинки не одат на работа, Mерко никаде го нема

Втор ден негувателките од струшките градинки не се на своите работни места,стотици дечиња останаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Втор ден негувателките од струшките градинки не се на своите работни места,стотици дечиња останаа незгрижени бидејќи нема кој да ги чува додека родителите им се на работа.Тие не сакаат да зборуваат пред камера,оти се плашат од политички реваншизам,ова е лошо време за преживување, иако сакавме да излеземе на протести пред општинската зграда или да ги однесеме дечињата сега Мерко да ни ги чува,не успеавме да се организираме,велат родителите.Некои од нив тврдат дека вчера во градинките немало греење во сите простории,како и доволен број слободни креветчиња за пладневен одмор на дечињата кои ги прибрале вработените негувателки,што директорката целосно го демантира. Таа не одговори на нашето прашање дали е точно дека на останатите 21-на на број кои работат со договор на дело,им било ветена плата од 9 до 15.000 денари?

” Земаме минимална,не е ни минимална плата 10.000 ден само ни осигурани ни ништо, се’ правиме сами и одлучивме сите заедно да излеземе за нашите права.Сега ние бараме минимална плата,да сме осигурани,ама исто така бараме и решение” –вели Суела Асани,негувателка

”Апелираме до општината и до надлежните министерства брзо да се реши проблемот, бидејќи вистински има потреба од решавање на раборниот статус на времено вработените колешки.Имаме многу деца големи групи и без доволен кадар.Градинката не може да функционира во иднина”-вели Милка Долинска –синдикат на градинката

Реклама

Го разбирам револтот на негувателките,незамисливо е да ја вршат најблародната дејност за мизерна плата, без решен работен статус, вели министерот на труд и социјала Ѓоко Велковски.

 “Ќе видиме дали се побарани согласности,дали се пристигнати во министерството за труд и социјална политика од страна на градинката, односно општината.Дали ако стигнале се препратени во министерството за финансии доколку нема одговор.Зошто и која е причината овие луѓе да не можат да добијат како сите други нормални граѓани една согласност и сигурност на своето работно место”-вели Велковски

Додека министерството за труд и социјала проверува што се случувало со судбината на негувателките, директорката на градинката вели дека во моментов не можела да даде конкретен одговор дали ќе се реши нивниот статус. Во текот на вчерашниот ден, а и денес е обавен телефонски разговор со Министерството за труд и социјала и  остваривме средба со вработените во Општина Струга,се со цел за што побрзо изнаоѓање решение-стои во дописот од градинката.

Росица Голабоска