Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип

Двајца малолетници се здобиле со повреди – едниот со потешки, а другиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца малолетници се здобиле со повреди – едниот со потешки, а другиот со полесни, при сообраќајка во Штип, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера околу 17 часот во СВР – Штип е пријавено дека на крстосницата од улиците „Борис Крајгер“ и „Анте Банина“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.С., на 64-годишна возраст од Штип и мотоцикл „априлија“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди – неговиот малолетен сопатник од Штип, констатирани во штипската Клиничка болница. По извршени проверки, констатирано било дека двајцата малолетници се под дејство на алкохол, кај возачот на мотоциклот се измерени 0,27 а кај неговиот сопатник 0,16 промили алкохол во крвта – информираа од МВР.

Како што се додава во соопштението, по наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР – Штип.