Реклама

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Македонија

Дурмиши во Женева: Дијалогот е најсилната алатка за одржливи решенија на пазарот на трудот

Дијалогот останува најсилната алатка за постигнување одржливи и избалансирани решенија на пазарот на трудот, порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во обраќањето на 114. сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Во своето излагање, како што соопштија од Кабинетот на министерот, Дурмиши истакна дека Владата е цврсто посветена на реформите на пазарот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дијалогот останува најсилната алатка за постигнување одржливи и избалансирани решенија на пазарот на трудот, порача министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во обраќањето на 114. сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева.

Во своето излагање, како што соопштија од Кабинетот на министерот, Дурмиши истакна дека Владата е цврсто посветена на реформите на пазарот на трудот, модернизацијата на трудовото законодавство и зајакнувањето на социјалниот дијалог.

Тој посочува дека глобалните предизвици, демографските трендови, технолошкиот развој, вештачката интелигенција, климатските промени и геополитичките случувања носат и нови можности, но и ризици.

Реклама

-Денес светот на трудот се соочува со длабоки и брзи промени. Овие процеси создаваат нови можности, но и нови ризици за работниците, работодавачите и националните економии – истакна Дурмиши.

Во обраќањето тој потенцира дека активните мерки за вработување остануваат меѓу клучните приоритети, додека реформите во трудовото законодавство се насочени кон создавање современа и европска правна рамка.

Дурмиши ја потврди и посветеноста на државата кон меѓународните трудови стандарди, нагласувајќи дека Северна Македонија ги има ратификувано сите конвенции на Меѓународната организација на трудот поврзани со слободата на здружување и колективното договарање.

Посебен акцент беше ставен на социјалниот дијалог како клучен механизам во креирањето политики.

-Ниту една успешна реформа не може да се спроведе без силен и искрен социјален дијалог. Дијалогот е најефикасниот пат до одржливи решенија- потенцираше Дурмиши.

Тој најави и дека наскоро ќе биде потпишана новата Програма за достоинствена работа за периодот 2026–2030 година, која, како што посочи, ќе придонесе за создавање повеќе и подобри работни места, како и за понатамошно усогласување со европските стандарди.