Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Дурмиши: Просечната потрошувачка кошничка и зголемувањето на минималната плата на седница на ЕСС

Просечната потрошувачка кошничка што Владата веќе ја изготви, но сè уште го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просечната потрошувачка кошничка што Владата веќе ја изготви, но сè уште го чека ставот на работодавачите и синдикатите ќе биде меѓу точките од дневниот ред на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. 

Како што изјави во петокот, на седницата на ЕСС ќе биде објавена и точната сума за колку ќе се зголеми минималната плата.

-Просечната потрошувачка кошничка веќе беше ставена на дневен ред на ЕСС, но одговор – предлози, забелешки, сугестии од другите две страни, работодавачите и синдикатите, сè уште немаме. На оваа седница, што ќе се одржи на 2 март, повторно ќе ја ставам на дневен ред за да ја дискутираме. На крајот, кога ќе ја финализираме, ќе биде објавена пред јавноста потрошувачка кошничка која ќе се базира на реалните податоци од релевантните институции. Нема да имаме некоја потрошувачка кошничка направена од некој професор или од некои луѓе што не се релевантни, односно не се проверени од институциите. Да не им сееме магла на граѓаните, туку реално да знаат колку пари треба да има едно четиричлено семејство за да помине еден месец – рече Дурмиши.

Реклама
До денеска, според најавите од Министерството за економија, треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерст

Тој потсети дека Владата досега многупати зборувала за синдикалната кошничка и ги кажала своите забелешки.

– На пример, тие ги објавуваат податоците 10 дена пред да заврши месецот, ги земаат предвид највисоките цени на прехранбените производи, ги пресметуваат и трошоците за кирија. Според пописот во 2021 година, 90 отсто од нашето население живее во сопствен дом – нагласи министерот.

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата, го повтори ставот дека Владата ќе го поддржи секое решение што ќе го договорат работодавачите и синдикатите.