Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Дурмиши-Месец: Продолжува полодната соработка помеѓу Mакедонија и Словенија за унапредување на пазарот на труд

Министерот за економија и труд  Бесар Дурмиш денеска оствари билатерална средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд  Бесар Дурмиш денеска оствари билатерална средба со Лука Месец, потпретседателот на владата и министерот за труд, семејство, социјални прашања  и еднакви можности на Република Словенија.

Министерот Дурмиши на почетокот на средбата ја  нотираше одличната билатерална соработка која ја имаат Македонија и Словенија која во континуитет е пријателска и без отворени прашања, базирана на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка како на политички така и на економски план.

„Во рамки на економската соработка меѓу Македонија и Словенија ми е задоволство да кажам дека во изминатиот период не се регистрирани поголеми потешкотии или отворени прашања во однос на условите во кои се одвиваше трговската размена.  Сега со новата реорганизација Министерството за економија и труд е фокусирано на поддрршка на домашните и странските компании и поддршка на пазарот на труд во земјата, односно е институција во која се спојува бизнисот и работниците. Министерствотот за економија и труд пред шест месеци ги превзема надлежностите во делот на политиките за вработување и пазар на труд како нова надлежност“ кажа министерот Дурмиши.

Реклама

Двајцата министери разговараа за продлабочување на соработката помеѓу двете земји во процесот на ревизија на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, кој ја регулира работата на Агенцијата за вработување, но и правата по основ на осигурување во случај на невработеност која е започната во 2021 година како можност за добивање експертска поддршка од Словенија за финализирање на овој процес.

„Со оглед на природната миграција во балканските земји, особено кон оние кои се во ЕУ,  имаме интерес и за склучување на билатерален договор со Словенија за посредување за вработување, што би се одвивало помеѓу двете национални агенции за вработување, словенечката и македонската. Целта ни е да се овозможи поедноставена процедура на вработување помеѓу двете земји, со истовремена заштита на работниците и нивните права при врешењето на привремената работа“ кажа министерот Дурмиши.

Двајцата министери се договорија за продолжување на соработката во областа на трудовото право и политиките за вработување со цел да бидеме во тек со движењата на пазарот на труд, по угледот на современите економии.