Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ДУИ со осуда за инцидент во редакцијата на порталот „Инфомакс“

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост и го осудува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост и го осудува насилниот инцидент што се случи во редакцијата на порталот „Инфомакс“, каде непознато лице упадна за време на директното емитување, стои во партиското соопштение.

Ваквите постапки сериозно ја нарушуваат демократската атмосфера во земјата и ги поткопуваат заедничките напори за градење отворено и одговорно општество.

Како партија чија ориентација се темели врз европските вредности и стандарди, ДУИ потенцира дека безбедноста на новинарите и независноста на медиумите претставуваат столбови на секоја функционална демократија. Секој обид за заплашување, притисок или насилство врз медиумите е неприфатлив и треба да биде третиран со висок приоритет од надлежните институции.

Реклама

Ги повикуваме надлежните органи да преземат брзи и непристрасни мерки за целосно расчистување на случајот и за обезбедување мирни и безбедни услови за работа на медиумската заедница. Само преку заштита на слободата на изразување и гарантирање на демократскиот поредок можеме да напредуваме кон стандардите кон кои тежнееме како држава.

ДУИ останува посветена на одржување на мирна, одговорна и европски ориентирана политичка и општествена средина.