Поради бројните кривични пријави и американсаката црна листа повеќе го нема Рамиз Мерко, но ДУИ очигледно не може или не сака да се откачи од сите свои компромитирани градоначалници . За Кичево повторно ќе трчаат со Фатмир Дехари, кој пред само една недела заработи кривична пријава, бидејќи дозволил да се направи дива депонија на повеќе илјади квадратни километри во градот. Тука е и Бујар Османи, кој долги години е еден од главните во партијата, кој е кандидат во Чаир.
Според познавачите ова покажува дека ДУИ повеќе наликува на некаков бизнис модел, а не на партија, која би треба да се реформира откако замина во опозиција.
-Тоа покажува дека ДУИ не се реформиала како политичка партија, тоа е првото. А второто е тоа дека уште еднаш се потврдува ставот дека ДУИ делува како Акционерско друштво, односно тие луѓе кои од почеток, од основањето на партијата ги имаат акциите внатре, ги имаат и ден денеска. Само што никако не може таа политичка партија да се ослободи од тие луѓе, изјави политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи.
Покрај Дехари и Османи, Еркан Алифи повторно ќе ја бара довербата во Липково. Партијата го кандидира Бајрам Реџепи за Тетово, Емир Сулејмани за Желино, Суат Шаќири за Чашка, Ејуп Абази за Студеничани и Енвер Пајазити за Брвеница.
За Струга и Гостивар кандидатите за градоначалници доаѓаат од редовите на двете крила на Алијанса. Во Струга од крилото на Села, во Гостивар близок соработник наТаравари.
Со ова ДУИ како што велат аналитичарите ризикува да остане без градоначалник во ниту една поголема општина.
-После изборите, односно после првиот круг ќе се дебатира внатре внатре во нивниот фронт, односно во нивното здружување кој има повеќе легитимитет во Европскиот фронт, а после ќе се дебатира кој има легитимитет кај Албанците во целина, изјави Фаризи.
Коалицијата предводена од ДУИ допрва ќе одлучува кои ќе бидат за Град Скопје, Боговиње, Долнени и Пласница.
Матеја Петровски

