Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

ДС: Потребно е забрзување на евроинтеграциите со заштита на македонскиот идентитет

Демократскиот сојуз ја поддржува стратешката определба на Македонија за полноправно членство во ЕУ и смета дека процесот на европска интеграција треба да продолжи со засилена динамика и јасна европска перспектива. Во изминатите години Македонија спроведе значителен број суштински реформи, усогласи голем дел од своето законодавство со правото на Европската Унија, воспостави функционална пазарна економија, ги […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократскиот сојуз ја поддржува стратешката определба на Македонија за полноправно членство во ЕУ и смета дека процесот на европска интеграција треба да продолжи со засилена динамика и јасна европска перспектива. Во изминатите години Македонија спроведе значителен број суштински реформи, усогласи голем дел од своето законодавство со правото на Европската Унија, воспостави функционална пазарна економија, ги зајакна механизмите за борба против криминалот и корупцијата и во целост ја усогласи својата надворешна, безбедносна и одбранбена политика со политиките на Европската Унија, стои во соопштението на ДС.

Како кредибилен партнер на ЕУ, Македонија заслужува валоризација на постигнатите резултати преку формално отворање и затворање на поголем број преговарачки кластери и поглавја.

Демократскиот сојуз предлага Владата да ја разгледа иницијативата за постепена интеграција на Македонија во Европската Унија и врз основа на продлабочена анализа, како и пошироки експертски и политички консултации, да изгради јасен државен став за ова прашање.

Реклама

Доколку и понатаму се инсистира на уставни измени како услов за напредок во преговарачкиот процес, Собранието на Македонија треба да побара од Европската Унија да донесе јасни и обврзувачки заклучоци со кои ќе се гарантира дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија по приемот на Македонија, дека идентитетските прашања нема да можат да бидат основа за нови блокади или вето во иднина, како и да се обезбеди принцип на реципроцитет во однос на правата на Македонците во Бугарија.

Демократскиот сојуз инсистира на постигнување поширок политички и граѓански консензус за сите прашања поврзани со европската интеграција на државата. Во услови на сложени геополитички предизвици, неопходно е да се обезбеди единство околу европската иднина на Македонија, без притоа да се доведуваат во прашање македонскиот национален идентитет, јазик и културно-историски континуитет.