Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Државно – политичкиот врв упати честитки по повод Први Мај

Честитки по повод Меѓународниот ден на трудот од државно-политичкиот врв. Претседателката Гордана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Честитки по повод Меѓународниот ден на трудот од државно-политичкиот врв. Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вели дека:

„1 Мај е ден кога работниците и синдикатите со право протестираат за повисоки плати и пошироки права, потенцирајќи го социјалниот карактер на македонската држава што има уставна обврска да води сметка за хуманизмот, социјалната правда и солидарноста како темелни вредности на уставниот поредок“ – вели Силјановска Давкова..

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, вели дека државните институции имаат обврска да создаваат услови за сигурна, правична и достоинствена работа за сите.

Реклама

„Вашиот труд заслужува да биде вреднуван соодветно, со почит и со поддршка“ – вели тој.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, порача дека трудот е темелот на достоинството и напредокот.

„Како Влада, остануваме целосно посветени на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Ќе продолжиме со политики кои значат зголемување на минималната и просечната плата, унапредување на пензискиот систем, отворање нови работни места, јакнење на работничките права и намалување на невработеноста“ – наведува, меѓу другото, премиерот Мицкоски.

И политичките партии упатија честитки до работниците.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овој ден е симбол на борбата за работничките права.

„ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на создавање нови економски политики кои ќе овозможат отворање на нови работни места, подобрување на стандардот и креирање општество во кое секој граѓанин ќе има можност за напредок и просперитет“ – се наведува, меѓу другото, во партиското соопштение.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, порача дека трудот мора да се вреднува, а гласот на работникот да се слуша.

„1 Мај е ден кога го славиме трудот и достоинството на секој човек што создава, гради, образува, лекува, се жртвува за своето семејство и за нашата земја. Како човек, секогаш сум имал длабока почит кон секој што со својот труд го движи општеството напред“ – напиша Филипче на социјалните мрежи.

Честитика стигна и од коалицијата ВРЕДИ. Оттаму велат дека биле посветени на враќање на достоинството на работниците со конкретни дела.