Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Државни и воени делегации оддадоа почит на загинатите бранители во касарната „Илинден“

Делегации од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, Владата, Собранието и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегации од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, Владата, Собранието и Кабинетот на претседателката на државата денеска положија цвеќе пред спомен-плочата во касарната „Илинден“, во спомен на осумте припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила.

Централната делегација од Генералштабот и Министерството за одбрана ја предводеше началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Цвеќе положи и владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски, како и делегации од Собранието, предводена од пратеничката Иванка Василевска, и од Кабинетот на претседателката на Македонија, предводена од полковник Билјана Блажевска.

Пред спомен-плочата оддадоа почит и припадници на Воената полиција, делегација предводена од полковник Игор Минчов, како и членови на семејствата на загинатите.

Реклама

Во обраќањето пред присутните, претседателот на здружението „Херои на Македонија“, Владо Стојановски, истакна дека споменот на загинатите припадници на Армијата треба да се чува и да се пренесува на идните генерации. Посочи дека сите учесници во борбените дејства се еднакви и дека нивната жртва треба да биде почитувана.

– Се навршуваат 25 години од трагичниот настан кога згаснаа животите на нашите синови, браќа и сопрузи. Тие оставија трага и живот кој несебично го дадоа за својата татковина. Нема големи и мали борци, сите оние кои учествувале во борбата се еднакви и имаат свои права. Оддаваме почит за сите кои покажаа како се сака и брани татковината, со порака од ова место тоа никогаш повеќе да не се повтори. Нека им е вечна слава – порача претседателот на Здружението „Херои на Македонија“. 

На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.