Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Државната изборна комисија го одбележува Глобалниот ден на изборите 

Државната изборна комисија (ДИК) денеска, по повод одбележувањето на Глобалниот ден на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија (ДИК) денеска, по повод одбележувањето на Глобалниот ден на изборите, во нејзините простории одржа едукативна работилница со ученици од средните училишта на Град Скопје на која што преку интерактивен пристап учесниците се запознаа со значењето на изборите, избирачкото право и отпорноста кон дезинформациите.

Младите, како што информираат од ДИК, во текот на работилницата имаа можност да разменат и да ги спротивстават своите мислења, поврзани со важноста и неопходноста од нивна активна партиципација во изборите. Преку интерактивните активности, со меѓусебни прашања за дилемите и веродостојноста на информациите кои секојдневно ги добиваат преку различни видови на медиуми, младите учесници одговорите ги добија од стручната служба на ДИК со цел да се создаде силна основа за нивно непречано учество во изборите.

-Активното учество на младите во изборниот процес е клучно за развој на одговорно и демократско општество. Затоа е важно да сте информирани и да знаете како функционира системот, како се спроведуваат изборите, како се гарантираат вашите права, и колкава е важноста на вашиот глас, им речкол претседателот на ДИК Бојан Маричиќ.

Реклама

Во своето обраќање претседателот на учесниците им порачал дека демократијата се одржува, а не опстојува сама по себе, ниту е дадена сама по себе, повикувајќи ги да бидат активни, да се информираат и да преземаат одговорност за заедницата и во креирањето на иднината на македонското општество.

Младите учесници ги поздравил и потпретседателот на Државната изборна комисија, Абдуш Демири, кој потенцирал дека симболиката што ДИК ја прави денес е да се покаже местото на младите во демократијата и во развојот на општетствата преку нивното учество во изборниот процес, низ сите негови фази.

-Важно е младите да ја разберат улогата на Државната изборна комисија и изборниот процес, а наша задача е да отвориме можности да се стекнете со информиции кои ќе ве поттикнат да бидете информирани учесници во демократските процеси, истакнал потпретседателот на Државната изборна комисија, на работилницата на која присуствуваа сите членови на Комисијата.

Државната изборна комисија, со поддршка од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) го одбележува Глобалниот ден на изборите со цел да даде поголема сила на значењето на овој ден потенцирајќи ја важноста на изборниот процес како темел на демократијата и упатувајќи порака за посветеноста на ДИК во обезбедување на интегритет и кредибилитет на изборите. Глобалниот ден на изборите за прв пат беше одбележан во 2005 година, кога изборни експерти од целиот свет се состанаа со цел да го зајакнат развојот на демократијата на глобално ниво.