Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Државен завод за ревизија детектираше серија незаконитости во работата на Државното правобранителство на РМ

Државниот завод за ревизија детектираше низа на неусогласености и прекршувања во работата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија детектираше низа на неусогласености и прекршувања во работата при ревизијата на финанссиките извештаи на Државното правобранителство на Македонија, меѓу кои е лоцирана:

-неусогласеност на материјалната и финансиската евиденција во делот на набавната
вредност и исправката на вредност на опремата;
-несоодветно евидентирање на долгорочни средства чија набавна вредност е поголема од
300 евра во денарска противвредност;
– начинот на вршење на пописот не е во согласност со законската регулатива;
– недефиниран начин на користење и располагање со недвижен имот и нерегулиран начин
на подмирување на заеднички трошоци за греење;
– ангажирање на лица по договор на дело за работни места и задачи предвидени со актот за
систематизација;

– не е назначен одговорен сметководител;
– недвижниот имот во кој е сместено државното правобранителство за подрачје Тетово не е
осигурен од пожари и други непогоди и
– недоследности во процесот на спроведување на постапките за доделување на договори за
јавни набавки.

Реклама

Детектирани се и следниве системски слабости:

-недефинирана постапка за оценување на квалитетот и ажурноста на работењето и
спроведување на дисциплинска постапка за државните правобранители;
– регулирање на правото на надоместок за одвоен живот на државните правобранители
за време на нивниот временски неограничен мандат и
– дефинирање на процесот на авансно плаќање и поврат на трошоците за постапки за
извршување
– не е јасно прецизирано кој треба да остварува приходи по основ на награда на членови
на одбор на доверители во стечајни постапки во кои Македонија
има побарувања, а истата е застапувана од страна на Државното правобранителство, се вели во штотуку објавениот извештај на Државниот завод за ревизија кој детектираше низа на неусогласености и прекршувања во работата на на Државното правобранителство.