Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

Државата им враќа пари на 1.448 граѓани: исплатени над 24 милиони евра од првата граѓанска обврзница

Државата им ги враќа пари на околу илјада и петстотини граѓани. Министерството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата им ги враќа пари на околу илјада и петстотини граѓани. Министерството за финансии објави дека е завршена исплатата на главницата и каматата за втората година од првата граѓанска обврзница, издадена во 2023 година. На сметките на 1.448 граѓани се исплатени вкупно околу 23,5 милиони евра, заедно со камата во висина од околу 1,2 милиони евра.

„Ова е првпат државата директно да соработува со граѓаните како инвеститори, што претставува нов пристап и ја потврдува довербата што тие ја имаат во фискалната стабилност“, соопштија од Министерството за финансии.

Првата граѓанска обврзница беше издадена на 13 јули 2023 година, со рок на достасување од две години и каматна стапка од 5% годишно. Исплатата на каматата се реализираше во два наврати – во јули 2024 и сега, во јули 2025 година, секоја година со по 72,4 милиони денари.

Реклама

Овој тип на обврзница беше прв ваков продукт понуден од страна на државата и беше дизајниран исклучиво за граѓаните. Целта, како што истакнуваат од Министерството, била унапредување на домашниот пазар на хартии од вредност, зголемување на вклученоста на физичките лица во финансискиот систем, како и подобрување на структурата на инвеститорската база. Министерството најавува дека во наредниот период ќе следуваат нови финансиски инструменти, наменети исклучиво за граѓаните.