Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Држел онлајн коцерт од дома, комшијата му удрил нож во раката

Во саботата вечерта во Битола, во време на полициски час, мизичарот Пеце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во саботата вечерта во Битола, во време на полициски час, мизичарот Пеце Петровски дома држел онлајн концерт посветен на малиот битолчанец Лука кој има аутизам, с`е со цел, да се подигне јавната свест за предрасудите кон ова дете. Арно ама, комшијата Бојан од соседната зграда, неможејќи да ја поднесе музиката, најпрвин со камења кон прозорецот, а потоа со пцовки започнал кавга поради која, Петровски излегол да се разберат.

Излегов надвор с`е со цел да ја спрачам самата ситуација и да ја смирам топката. При тоа, тој ми заби нож во мојата лева рака. Имаше и втор обиде кој го спречи мојата мајка која влезе насреде за да не раздели и мојот колега кој успеа да го оттргни од мене и соседот падна на земи и се упати дома со зборовите- имаш среќа што не зедов сатор – рече повредениот Пеце Петровски.

Неговите први соседи велат дека е мирно момче и дека немале никакви проблеми со него, а музиката никому не пречела.

Реклама

Немаме досега слушнато некаква кавга од детето, да се скара со некого или да направи гужва. Денеска кога разбрав, се запрепастив –  рече комшивката Дафина Стојановска.

Случајот го потврди СВР Битола, насилникот е приведен и одземен му е ножот на вештачење. Случајот ќе добие кривично- правна разрешница, а изолацијата поради короната, само покажува колку луѓето с`е повеќе се нервозни и агресивни.

Петар Стефановски