Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Дрин Ахмети петардите ги купил за внуците, ќе пукнат ли предизборно во владината коалиција?

Дали петардите на Дрин Ахмети ќе пукнат предизборно во владината коалиција? Контроверзниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дали петардите на Дрин Ахмети ќе пукнат предизборно во владината коалиција? Контроверзниот бизнисмен од Зајас, можно е да ги помати плановите на еден месец пред формирање техничка влада. Јавноста се погласно се чуди кој замешал прсти младиот Ахмети да заврши со лициси на рацете, за 750 парчиња пиротехника, а не за спорното купување на милионската Соравија.

Неизвесноста продолжува бидејќи Обвинителството се уште го немало добиено вештачењето што ќе било клучно за што ќе одговара Дрин Ахмети. Три дена и медиумите чекаат одговор за кое дело ќе сноси одговорност.

Првиот човек на МВР одлуката за полниот гепек петарди и огномети ја префрли во обвинителството. Сепак, според Оливер Спасовски во поднесокот на полицијата стоел и членот 396 од Кривичниот законик, што би значело и кривична одговорност.  

Реклама

Дрин Ахмети остана воздржан на прашањето од Алфа, дали тргува со пиротехнички средства, вечерта кога го спроведуваа, а денеска тврди дека петардите, легално купени, биле за неговите внуки и внуци.

  • „Во овој момент, нема да коментирам детали бидејќи во тек е истрага и постапка, а мојот правен тим работи на тоа. Можам да го кажам само ова, пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци“, вели Дрин Ахмети за „Скопје1“.

Правниците кои ги контактираше Алфа се со сомнеж дека до крај ќе се расчисти случајот. Велат ќе се заврши со парична казна според Законот за прекршоци. Адвокати за Алфа се децидни дека ќе се направи се за да се казни со најблагиот прекршок.

Ако некој се бави со трговија на пиротехнички средства се казнува со затвор и до десет години, додека за превоз на петарди и огномети санкцијата е многу помала.

Дрин Ахмети беше фатен со гепек полн петарди и огномети, а по три часа во полициска станица беше спроведен со цивилно возило.