Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Дотраениот потпорен ѕид кај штипската болница оди на темелна обнова

Општината и болницата заедно бараат начин како да се реконструира потпорниот ѕид…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општината и болницата заедно бараат начин како да се реконструира потпорниот ѕид на штипската Клиничка болница, чиј дел се сруши и затрупа две возила. Во моментот се прават анализи колку ќе чини неговата реконструкција, ако се земе предвид дека станува збор за камен ѕид со должина од околу 300 метри и висина од неколку метри.

„Тој ѕид е дотраен. Падниот дел ќе го поправиме, но мора и најургентните делови да ги средиме. Има фирма која прави сондажа и испитување кој дел би бил и кое ќе биде најприфатливо решение. Ние би сакале целиот ѕид да го направиме, но знаете тој е околу 300 метри долг, а гледате и другиот дел е во лоша состојба, но барем ургентните делови да ги санираме“, изјави д-р Владко Захариев, директор на Клиничка болница, Штип.

Иако потпорниот ѕид е во сопственост на болницата, општината има надлежност да ја гарантира безбедноста на граѓаните, кои во моментот не се целосно заштитени, објаснува градоначалникот Иван Јорданов. Без разлика на одлуката на ресорното министерство, општината ќе обезбеди средства за целосна обнова на ѕидот. Планирано е сообраќајницата да се прошири, со што ќе се овозможи непречено одвивање на сообраќајот, но и нови паркинг места.

Реклама

„Повеќе од 300 метри е должината на оваа сообраќајница која е зависна од овој потпорен ѕид. Така што, повеќе од 300 метри долж ѕидот ќе дојде до проширување и изградба на нов потпорен ѕид кој верувам дека ќе овозможи побрз пристап и до Клиничката болница и домовите, а ќе обезбеди и повеќе паркинг места“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Потпорниот ѕид на штипската болница е граден во педесеттите години и со текот на времето на делови веќе попушта, што претставува сериозна опасност за минувачите и куќите во негова близина. Таков беше случајот минатата недела кога, поради обилните врнежи од дожд, се појави свлечиште на земја и урна дел од ѕидот заедно со оградата. Во целата несреќа среќа е што нема повредени, туку причинета е само материјална штета.