Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Дополнетиот предлог закон за енергетика на пленарна седница

Собранието денеска треба да одржи ја 48. седница, како и продолжение на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието денеска треба да одржи ја 48. седница, како и продолжение на 47. Дополнетиот предлог на закон за енергетика, во второ читање, е на дневен ред на 48. седница на која ќе се одлучува и за Предлогот за разрешување и именување на претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

За предлог законот за енергетика во текот на комисиската расправа беа прифатени 61 амандман од пратеници од сите пратенички групи. Главни придобивки од законот, според Министерството за енергетика се либерализиран, транспарентен и конкурентен пазар за електрична енергија, што ќе значи поголем избор и пофер цени за потрошувачите, како и воведување на паметни броила, што овозможува прецизно мерење на реалната потрошувачка на електрична енергија и увид на крајниот потрошувач во својата потрошувачка на електрична енергија на дневна основа. Исто така, поддршка за нови концепти како граѓански енергетски заедници и модели на активно управување со побарувачката, зголемена пазарна ликвидност и пристап до повеќе извори на снабдување за стопанството и подеднаква можност за инвестиции на сите и инфраструктурна стабилност, преку инвестиции во системи за складирање и дигитализација на системите.

За расправа пред пратениците на 48. седница се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, во второ читање, на Законот за оружјето, по скратена постапка и на Законот за локалната самоуправа, во прво читање.

Реклама

Меѓу точките на продолжението на 47. седница се Предлог одлуката за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио – телевизија, Предлог законот за изменување на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, како и Предлог законот за дополнување на Законот за урбанистичко планирање, двата по скратена постапка.

Пратениците треба да расправаат и за предлог законите за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, на Законот за гробишта и погребални услуги, на Законот за урбанистичко планирање, на Законот за градење, на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, на Законот за јавна чистота, на Законот за културата, на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, на Законот за заштита на личните податоци, сите по скратена постапка.