Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Донација со болничка опрема и медицински материјали за Струшка нефрологија од здружението LetzCare

Специјализираната болница за нефрологија – Струга денеска прими донација од хуманитарното здружение LetzCare. Донацијата, како што информира директорот на институцијата Јетмир Зиба, содржи колички за лица со попреченост, електрична количка, болнички кревети, концентратори за кислород, како и неопходни медицински материјали како компресивни завои, стерилни гази, хируршки маски, средства за дезинфекција и ракавици за еднократна употреба. […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Специјализираната болница за нефрологија – Струга денеска прими донација од хуманитарното здружение LetzCare.

Донацијата, како што информира директорот на институцијата Јетмир Зиба, содржи колички за лица со попреченост, електрична количка, болнички кревети, концентратори за кислород, како и неопходни медицински материјали како компресивни завои, стерилни гази, хируршки маски, средства за дезинфекција и ракавици за еднократна употреба.

– Изразуваме искрена благодарност и длабоко признание до хуманитарното здружение LetzCare и Сафет Алили за нивната дарежлива поддршка и континуирана соработка во рамките на претходно потпишаниот меморандум. Упатуваме благодарност и до Адем Нуроски за бесплатниот транспорт и континуираната поддршка. Овој придонес е јасен доказ за заедничката посветеност кон подобрување на условите за лекување и унапредување на благосостојбата на нашите пациенти, истакна Зиба.

Реклама

Тимот на струшка нефрологија, нагласи, останува посветен да се грижи на највисоко ниво на одговорност и професионалност кон пацинетите, затоа што тие се и секогаш ќе бидат во центарот на нашата мисија.