Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Донација на специјализирана заштитна опрема за пилотите на ДЗС

Во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари на отворено, компанијата ОКТА втора година по ред ја продолжува иницијативата за поддршка на институциите и подигнување на јавната свест за превенција од пожари, обезбедувајќи донација на специјализирана заштитна опрема за пилотите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информира компанијата, донацијата опфаќа […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на летната сезона и зголемениот ризик од пожари на отворено, компанијата ОКТА втора година по ред ја продолжува иницијативата за поддршка на институциите и подигнување на јавната свест за превенција од пожари, обезбедувајќи донација на специјализирана заштитна опрема за пилотите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Како што информира компанијата, донацијата опфаќа напредна заштитна опрема – одела, јакни, ракавици и чизми – наменета за пилотите кои управуваат со противпожарните авиони „Ер трактор“, со цел да се зголеми нивната безбедност и отпорност при интервенции во високоризични услови.

Паралелно, ОКТА ја реализира и кампањата „Пази што правиш! За пожар малку треба!“, во партнерство со Дирекцијата за заштита и спасување и ЈП „Национални шуми“, насочена кон поттикнување поодговорно однесување на граѓаните во природа и намалување на ризиците од пожари предизвикани од невнимание.

Реклама

Главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, истакнува дека компанијата останува посветена на безбедноста и заштитата на животната средина.

– Како компанија која континуирано вложува во безбедноста, заштитата на животната средина и поддршката на заедницата, веруваме дека превенцијата е најефикасниот начин за намалување на ризиците од пожари. Со оваа донација сакаме да дадеме конкретен придонес во зајакнувањето на капацитетите на институциите кои секојдневно се грижат за безбедноста на граѓаните и заштитата на природните богатства – изјави Пасхос.

Од Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека ваквата поддршка има директно влијание врз оперативната подготвеност на институцијата.

Според директорот Стојанче Ангелов, вложувањата во опрема и услови за работа придонесуваат за поефикасна реакција при вонредни состојби и заштита на луѓето и животната средина.

– Подеднакво важно е сознанието дека најдобриот начин за справување со шумските пожари е нивното спречување пред да се случат. Во таа насока ја поздравуваме и поддржуваме кампањата за подигнување на јавната свест, која придонесува кон градење култура на одговорност и превенција – истакна Ангелов.

Од ОКТА информираат дека во изминатиот период компанијата реализирала повеќе иницијативи за зајакнување на националните капацитети за превенција и справување со пожари, вклучително и поддршка за системи за рано откривање и воспоставување центар за обука за противпожарна заштита.

Со овие активности, посочуваат од компанијата, се потврдува долгорочната заложба за создавање побезбедни, поотпорни и одржливи заедници, при што се нагласува дека заштитата на шумите и природните ресурси е заедничка одговорност на институциите, бизнис-заедницата и граѓаните.