Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Домовите „Кузман“ и „Стив Наумов“ се очекува да бидат реновирани до крајот на годинава и да примаат студенти од вториот семестар на 2025/2026

Студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои се реконструираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои се реконструираат од минатата година, се очекува да бидат повторно отворени за сместување студенти од вториот семестар на учебната 2025/2026 година.

-Ќе треба да се почека до вториот семестар затоа што „Кузман“ се очекува да се заврши некаде во ноември. За жал, реконструкцијата на „Стив“ почна со задоцнување, но ние таа состојба ја затекнавме и моравме да ја решаваме. Откако ја решивме, повторно имаше технички работи, градот, општината, дозволи, маркица…, и откако го решивме тоа, веднаш почнаа со работа. Но, очекувам и „Стив“ до крајот на годината да биде готов па во вториот семестар студентите веќе ќе можат да влезат во домовите, рече Јаневска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Додаде и дека деновиве ќе биде донесена одлука кои студентски домови ќе бидат следни за  реконструкција во планот за етапно реновирање на сите студентски домови во државава, со цел тие да станат енергетски ефикасни со подобрена одржливост, што ќе придонесе за почиста животна средина и ќе обезбеди финансиски заштеди.

Реклама

Проектот се реализира со заем од 20 милиони евра од Германската развојна банка и грант од 4,8 милиони евра од Европската Унија преку Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан.

Реконструкциите на „Кузман“ и „Стив Наумов“ се прва од предвидените три фази од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови. Во следните две фази ќе се реконструираат уште седум други студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.