Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Домот за стари лица Куманово ќе го реконструира геријатрискиот дел преку прекуграничен проект со Србија

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово ќе го реконструира геријатрискиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово ќе го реконструира геријатрискиот дел и ќе добие нова опрема преку прекуграничен проект во соработка со општините Лесковац и Врање и партнерски организации од Србија, информираа денеска надлежните од установата. Директорот Александар Крстевски посочи дека проектот е во завршна фаза. Предвидена е целосна реконструкција на геријатрискиот дел, која ќе опфати водоводна и канализациска мрежа, електрични инсталации, санитарни простории, како и набавка на опрема.

–  Нашиот дом ќе  добие целосна реконструкција на геријатрискиот дел, од водовод, канализација, електрична и санитарна инсталација, па сè до опрема. Како дом за стари лица ќе добиеме многу во однос на квалитетот на услугите за нашите корисници- посочи Крстевски.

Тој истакна дека партнерите од Србија веќе започнале со имплементација на проектот, додека за активностите што се однесуваат на кумановскиот дом во тек се постапките за јавни набавки. Во Домот „Зафир Сајто“ во моментов се сместени 172 корисници, а бројот, според директорот, се очекува да се зголеми во наредниот период. Крстевски нагласува дека една од најголемите потреби на установата е обезбедувањето дополнителен кадар. Согласно изготвениот план за вработување, Домот има потреба од 27 нови вработувања, а според нормативите таа бројка може и дополнително да се зголеми. Одлуката помина на Советот и сега се чека на одговор од соодветното министерство.

Реклама

– Човечката работна сила е еден од главните чинители во функционирањето на домот. Работиме 24 часа и навистина е многу тешко, особено во периодот на летните одмори. Нашите вработени даваат над 100 проценти од своите работни ангажмани и секој му помага на секого, само за нашите корисници да добијат поквалитетни услуги- вели Крстевски.

Меѓу потребните профили, тој ги издвојува работните терапевти, социјалните работници, медицинските сестри и физиотерапевтите. Посочува дека установата во моментов нема социјален работник и работен терапевт, кадри кои се од особено значење за корисниците.

Во однос на невремето кое неодамна го зафати Куманово, Крстевски информира дека штети претрпел и Домот „Зафир Сајто“. Биле паднати неколку дрвја, оштетени инсталации и прозорци, а проблеми имало и со кровната конструкција. Штетите, како што вели Крстевски биле санирани со помош на донатори и со ангажман на вработените во установата.