Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Домашни и странски експерти очекуваат позитивни експерти во Македонија по доаѓањето на новата администрација на Трамп

Со поддршка од администрацијата на Трамп до поголем економски развој на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со поддршка од администрацијата на Трамп до поголем економски развој на Македонија и регионот. Земјава е силно во фокусот на американската администрација. За Трамп е клучна улогата на Македонија како централна точка на поврзување, низ која минуваат сите главни транспортни коридори. Од Фондацијата Херитиџ сметаат дека соработката на енергетски план ќе биде значајно засилена. Влезот на енергенси од различни извори во Европа е од особено стратешко значење за новата американска администрација.

Американските компании и тоа како се заинтересирани за вложување во Македонија. Доказ за тоа дека САД во земјава гледаат силен партнер за соработка, ќе се преточи во бројни инвестиции во приватниот сектор –  велат од Меѓународниот републикански институт.

И Србија гледа надеж во новата администрација на Трамп за повеќе инвестиции и искористување на ресурсите. За поголемо искористување на потенцијалите на економски план, особено влијание ќе има новиот претседателски пратеник за специјални мисии и политика Ричард Гренел.

Реклама

Македонските фирми не треба само да чекаат влез на странски капитал во земјава, туку треба самите да соработуваат со фирмите од Балканот и да извезуваат во странство. За тоа да се случи, неопходно е да се спроведат реформи дома.

Во привлекување на инвеститори, но и извоз во странство, поголема улога ќе има и Министерството за надвотрешни работи, кое треба да го преземе и делот со надворешната трговија. Можностите за економска соработка треба да ги подобри и влезот на земјава во иницијативата „Трите мориња“ која сега опфаќа 13 земји-членки на ЕУ лоцирани меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското Море.