Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

ДОМ: Независноста ја обврзува Македонија да избере зелена и европска иднина

Денес на 8 септември ја одбележуваме независноста, денот кога пред 34 години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес на 8 септември ја одбележуваме независноста, денот кога пред 34 години граѓанките и граѓаните на Македонија ја потврдија својата волја за самостојна и слободна држава. Оваа историска одлука создаде политичка обврска кон идните генерации да градат општество на правда, одговорност и грижа за луѓето и природата, пишува во денешното соопштение на ДОМ.

Зелената партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) потсетува дека независноста е вредност која се брани секојдневно со чесна политика, со почитување на јавниот интерес и со визија за европска Македонија. Нашата определба е независноста да ја надградуваме со зелени политики што гарантираат здрава животна средина, правична економија и демократски институции.

Истовремено, независноста е и постојан потсетник дека државата им припаѓа на сите граѓани и граѓанки. Нејзината иднина не смее да биде заложник на корупцијата, клиентелизмот и краткорочните интереси на поединци и големите политички партии. Само преку отвореност, инклузивност и партнерство со граѓаните и граѓанките може да се изгради силна и отпорна демократија.

Реклама

За зелената партија ДОМ, независноста има и еколошка димензија, бидејќи вистинската слобода е можна само во здрава и чиста животна средина. Борбата против загадувањето, правичната енергетска транзиција и заштитата на природните богатства се услов за идните генерации да живеат достоинствено во сопствената земја.

Во пресрет на претстојните избори, ја испраќаме пораката дека независноста не е завршена приказна, туку процес кој бара нова енергија и нова политичка чесност. Токму затоа, ДОМ заедно со „Коалицијата за зелена иднина“ ја гради алтернативата што ќе ја врати довербата во политиката, ќе обезбеди европска иднина и ќе им даде достоинствен живот на граѓанките и граѓаните.

Честит нека е Денот на независноста на Македонија!