Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ДОМ: Бараме стручна и транспарентна процедура за обновувањето на А-Дозволата за „Титан Усје“ 

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) активно ја следи постапката за обнова на А-Интегриранта еколошка дозвола за  цементарницата „ТИТАН Усје АД Скопје“ и изразуваме сериозна загриженост околу неколку клучни аспекти во целиот процес, стои во соопштението од ДОМ. Иако компанијата најавува дигитализација со вештачка интелигенција и системи како Real Time Optimiser, сепак треба да се обрне […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) активно ја следи постапката за обнова на А-Интегриранта еколошка дозвола за  цементарницата „ТИТАН Усје АД Скопје“ и изразуваме сериозна загриженост околу неколку клучни аспекти во целиот процес, стои во соопштението од ДОМ.

Иако компанијата најавува дигитализација со вештачка интелигенција и системи како Real Time Optimiser, сепак треба да се обрне посебно внимание на одредени клучни аспекти зад кои можно е да се сокријат сериозни еколошки ризици кои директно го засегаат воздухот и здравјето на граѓаните на Скопје.

Имено, апелираме во постапките до јавната расправа посебно внимание да се стави на следните критични и спорни аспекти:

Реклама

Спорно согорување на текстилен и пластичен отпад: во рамки на користењето на „алтернативни горива“, во печките се согорува отпад од текстил и пластика што не може да се рециклира.
Контролата на фугитивната прашина во голема мера се темели на интерни оперативни мерки чија ефективност мора редовно и независно да се проверува: иако во Програмата за подобрување се наведува третирање на патиштата во копот со вода и адитиви, праксата покажува дека фугитивната прашина од отворените копови Усје и Страна Три Круши останува сериозен извор на ПМ-честички кои ветрот ги разнесува директно кон урбаните средини.
Транспарентност на CEMS системите: податоците од мониторингот на оџаците од печките 3 и 4 не смеат да останат ограничени само на компанијата и надлежните институции, туку треба да бидат јавно достапни.
Затоа, ДОМ уште еднаш јасно ги испорачува следните барања до надлежните институции и менаџментот на компанијата:

  • Строга контрола и инспекција врз алтернативните горива: иако замената на фосилните горива со биомаса, текстилен или пластичен отпад се претставува како циркуларна економија, ДОМ бара неселективен и деноноќен институционален надзор над потеклото и составот на овие материјали. Палењето на ваков отпад во Скопската котлина отвора огромен ризик од токсични емисии и не смее да се препушти на саморегулација.
  • Јавен пристап и транспарентност на CEMS системите во реално време: податоците од континуираниот мониторинг (CEMS) на оџаците од печките 3 и 4 за прашина и други загадувачки супстанци мора да бидат јавно и транспарентно достапни на независна државна платформа во секое време за да можат граѓаните да имаат реален увид во состојбата на воздухот што го дишат.
  • Елиминирање на фугитивната прашина и зголемен инспекциски надзор: наместо еколошки мерки само на хартија, бараме секојдневни, мерливи извештаи од Државниот инспекторат за животна средина за интензитетот на прскање на патиштата во копот со вода и адитиви, за да се спречи разнесувањето на ПМ-честичките кон урбаните јадра.
  • Реални резултати од дигитализацијата и системите со вештачка интелигенција: имплементацијата на напредни алатки како Real Time Optimiser мора да резултира со реално, видливо и докажливо намалување на емисиите во воздухот, а не да остане само промотивна алатка без мерлив еколошки ефект.

Правото на чист воздух и здрава животна средина мора да биде врвен приоритет при носењето на сите одлуки поврзани со работата на индустриските капацитети, а не интерес што ќе биде ставен во втор план во однос на економските придобивки.