Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Доктор Арсовска: Превенцијата и здравствената едукација на родителите клучни за намалување на случаите со труење од лекови и детергенти кај деца

Вкупно 16 деца со пријавени труења годинава биле згрижени на детското одделение…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 16 деца со пријавени труења годинава биле згрижени на детското одделение при општа болница Куманово. Началничката на детскиот оддел од болницата д-р Маргица Арсовска, информираше дека родителите најчесто бараат помош за дечиња од две до четири години кои испиле детергенти, лекови, средства за чистење.

– Најчести кај нас се труењата од лекови, без разлика дали станува збор за антибиотици, седативи, лекови за срце или за дијабетес. Потоа имаме средства во домаќинството, различни средства за чистење, пестициди, а имаме и деца кои пробуваат растенија. Децата истражуваат, сакаат да ја запознаат околината, но понекогаш тоа значи и дека ќе пробаат нешто што може да биде опасно-вели Арсовска.

Таа посочува дека најчесто станува збор за краткотрајно невнимание на родителите. Арсовска советува правилното складирање на лековите и хемикалиите во домот како мерка за превенција. Во болницата доаѓаат дечиња со полесни симптоми.

Реклама

– Во потешки случаи може да дојде и до губење на свеста, а одредени хемиски средства можат да предизвикаат сериозни оштетувања на хранопроводот и желудникот-изјави д-р.

Ако блиските се сомневаат дека детенцето испило лек или хемиски средства, тогаш е важно да се понесе кутивчето со лековите или шишето, за поефикасно лекување.

– Битно е родителот, ако се сомнева дека детето испило нешто, да го понесе шишенцето или кутијата од лекот, таблетата, да знаеме кој лек е испиен, приближната доза, колку останало во кутивчето и колку време поминало од моментот кога се сомневаат дека детето го испило. Тоа многу влијае во понатамошниот третман, објаснува Арсовска.

Најважно е детето брзо да се однесе на лекар, во првите два часа.

– При труење со хемикалии и детергенти, родителите не треба самостојно да предизвикуваат повраќање, бидејќи тоа може дополнително да го оштети организмот, особено кај корозивни средства-вели Арсовска.

Посебно внимание, треба да се посвети на бензинот, разредувачите, детергентите, пестицидите и другите хемиски средства кои се користат во домаќинството.

– Сите овие средства треба да се чуваат вон дофат на децата, без разлика дали се заклучени или ставени на високо место. Не треба да се менува нивната амбалажа. Ако, на пример, разредувач или боја се префрли во друго шише, детето може да помисли дека станува збор за сок и да го испие. Имаме и такви случаи. Затоа средствата треба да се чуваат во оригиналната амбалажа, со соодветна ознака и на безбедно место, вели Арсовска.

Лековите, средствата за чистење и пестицидите меѓу најчестите причини. Лекарите апелираат на поголема внимателност при нивното чување.

Таа обајснува дека превенцијата и здравствената едукација на родителите се клучни за намалување на ваквите случаи.

–  Затоа најважно е родителите да бидат внимателни и лековите и сите потенцијално опасни средства да ги чуваат подалеку од децата, порачува Арсовска.