Интегративците на отворена сцена со поддршка на интересите на Бугарија наместо за Македонија. Наместо контруктивност на која повикува премиерот, опозицијата се впушти да убедува дека Бугарите го заслужуваат место во македонскиот устав. Али Ахмети на средба со бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков му рекол дека никој нема да изгуби доколку бугарската заедница биде вклучена во највисокиот правен акт и повикува да се донесат уставните измени оти бугарската заедница кај нас била реалност. Според премиерот Мицкоски реагира дека Ахмети користи политика на додворување но не погрешна страна.
Јас не мислам дека ќе добие поен ако се вовлекува на соседите, наместо со тие со кои што дома дели секојдневие. Дали бугарското малцинство е реалност или не, за тоа говорат бројките. Математиката е егзактна наука и тие велат дека неколку стотини граѓани го користат бугарскиот јазик како мајчин јазик. Не можеме ние да кажеме дека тие не постојат. Исто како што можеме да кажеме дека во Албанија има 7-8 пати повеќе Бугари отколку во Македонија, рече Мицкоски.
Македонија останува отворена за да ги продолжи разговорите со Бугарија, но со почитување на Компенхашките крутериуми. Јавноста шпекулира дека унгарскиот премиер веќе договорил средба помеѓу Мицкоски и Радев за 7-ми ноември во Будимпешта, премиерот вели таква информација не добил но е подготвен да разговар – со аргументи, а не диктат.

Јас немам таква информација, ниту знам за таква средба, но доколку постои иницијатива за таква средба и на 7 ноември и на 17 октомври и на 27 октомври, јас сум подготвен да седнам и да разговарам. Не мора да биде тоа Будимпешта, може да биде било каде да седнеме да разговараме да најдеме решение кое ќе биде решение на долг рок и кое ќе гарантира Копенхашки критериуми, ќе гарантира права, ќе гарантира успех во процесот на преговори. Доколку дојде таква иницијатива од господинот Орбан на 7 ноември, подговен сум дури и порано, било кога, да седнам да разговарам, врз основа на аргументи, не на диктат. Диктати не прифаќам – рече Мицкоски.
Претседателот на Владата, вели писмото кое ќе се испрати до европските лидери а кое ќе ги содржи македонските позиции во однос на продолжување на европската интеграција на земјава со гаранции за успешни преговори, дефинитивно ќе биде завршено кога ќе се врати од германската престолнина каде заминува утре на средба со лидерите од Берлинскиот процес.
