Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Економија

Доделени средства на три општини за нови инфраструктурни проекти во образованието

Со 135 милиони денари ќе се реализираат три капитални инфраструктурни проекти во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 135 милиони денари ќе се реализираат три капитални инфраструктурни проекти во областа на образованието во исто толку општини, со што ќе се подобрат условите за настава на учениците, како и за работа на наставниците.

Денеска во Владата, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска потпиша договори со градоначалниците на Кисела Вода, Битола и Валандово, кои поднесоа апликации за поддршка на проекти на вториот повик од инструментот за капитални инвестиции на Владата.

Во општина Кисела вода со буџет од 33,3 милиони денари ќе се догради објект во рамки на основното училиште „Невена Георгиева Дуња“. Во средното училиште „Гоце Делчев“ во Валандово ќе се гради затворен пливачки базен за што се обезбедуваат 61,5 милиони денари, додека во основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола ќе се изгради нова спортска сала во вредност од 40,3 милиони денари.

Реклама

Унапредувањето на образовната инфраструктура е меѓу приоритетите на Владата и Министерството за образование и наука, затоа што е еден од столбовите на квалитетот на образовниот систем, заедно со квалитетни учебници, наставни програми и мотивиран кадар.

Во следните неколку денови ќе бидат потпишани договори за поддршка на инфраструктурни образовни проекти и со повеќе други општини, чии апликации беа прифатени преку владиниот повик.