Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Прилози

Доцни законот за охридското крајбрежје, хаосот со дивоградбите на плажите во Струга останува и оваа сезона

И покрај оптимистичките најави на градоначалникот Ќура дека посебниот предлог-закон за уредување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај оптимистичките најави на градоначалникот Ќура дека посебниот предлог-закон за уредување на крајбрежјето, на кој што работат двете општини Охрид и Струга, ќе биде готов до март, истиот сѐ уште не е доставен до Собранието и ресорното министерство. Изготвувањето на законско решение оди бавно и е комплексен проблем, актуелен со децении. Целта е да се најде најадекватно решение со кое ќе се стави крај на узурпацијата и приграбувањето на секоја слободна површина.

Плажите се горлив проблем, посебно за Струга, каде владее безредие. Ќура наследи хаос – фирми без концесии десет години остваруваат милионски приходи од користење на плажите, а договорите за стопанисување им се истечени во 2016-та. Безмалку на секоја слободна површина се изградени објекти од тврда градба, а никој досега не ги санкционирал.

„Овој проблем нема да се реши одма. Треба време да се сработи како што треба, да се донесе адекватен закон кој ќе важи засекогаш. Поради тоа што концесиите кои што се издадени 2011-та се дадени за 5 години за да се вратат во првобитна положба целата плажа, што не е логично. Јас се согласувам дека тие печалат на диво, тоа се согласувам“ – вели Менди Ќура, градоначалник на Струга.

Реклама

За Ќура, нелогично е барањето на еколозите да се срамнат со земја сите објекти кои никнаа на плажите, оти концесионерите кои со години стопанисуваат на диво вложиле и по 300.000 евра, иако крајбрежјето не е приватен имот.

Што се однесува до Охрид, пак, градот ќе ја дочека туристичката сезона со организирано уредување на плажите, каде изминативе 4 години на лето се поставува само урбана опрема.

„Начинот на стопанисување е една работа, а законското уредување е друга работа. Тоа што тие законски договори кои што беа потпишани и членот предвидуваше враќање во првобитна положба ги наруши само принципите. Инаку, сите овие плажи кои што се изградени, се изградени и со одобрение и со дозвола и со урбанистички проект“ – вели Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Инаку, согласно Законот за градежно земјиште и другите законски прописи, плажите се во надлежност на локалните самоуправи на Охрид и Струга.